Мизрахи-Сахакиан: Социјалната инклузија, грижата за ранливите категории и креирање нови работни места, приоритет во заедничката соработка

Партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП, посочила Сахакиан, е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори што се од јавен интерес. 

Грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето нови работни места, се заедничките приоритети во соработката, потврдија на денешната средба министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан.

Партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП, посочила Сахакиан, е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори што се од јавен интерес. Во таа насока, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, постојаната претставничка на УНДП ги потенцирала програмите од Оперативниот план за вработување во кои се тие вклучени и кои веќе и јавноста ги препознава, како што се програмите за самовработување и за општинско корисна работа, а во моментов се вклучени и во процесот на деинституционализација во Бања Банско.

Исто така, преку Швајцарската агенција за соработка учествуваат и во проектот со кој се поттикнува вработливоста на ранливите категории.

Министерката Мизрахи се заблагодарила на поддршката што ја пружа УНДП преку вклучување во овие програми, и истовремено ги презентирала нејзините планови и програми што се во насока на поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории на граѓани за кои и понатаму ќе биде добредојдена секоја поддршка.

Според неа, процесите на подобрување и унапредување на системите на социјалната и детската заштита се постојани процеси на кои треба трпеливо и макотрпно да се работи затоа што само на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од својата држава. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер