Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема, без коментар за внатрепартиските случувања во СДСМ.

Владата останува на ставот дека не треба да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври идната година, истакна портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Притоа не ги коментираше ставовите на опозицијата дека Владата во изминативе пет месеци не направила ништо за граѓаните, ниту пак за заклучокот од средбата меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас дека за доброто на државата заедно со локалните треба да се случат и парламентарни избори.

- Како Влада остануваме на ставот дека предвремени избори се само дополнителен трошок, одговори Митева.

За ставот на опозициската СДСМ дека шпекулациите за раскол во партијата доаѓаат од кујната на власта, од Владата немаат коментар.

- Очигледно станува збор за политичка опција во којашто се случуваат многу голем број на проблеми, но како влада нема да коментираме за тоа што се случува во рамки на нивната политичка партија, рече владината портпаролка Марија Митева.

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд ако ги разрешат членовите на Судски С.

 Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згрешат ако ги разрешат членовите на Судски совет избрани од Парламентот.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието за правнички да не згрешиме. Не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието.

-Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Комисијата за избори и именувања како што ги назначила, на ист начин ќе бидат разрешени и така ќе оди назначувањето на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање, рече Гаши.

Посочува дека од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе зависи кога ќе почне процедурата. Потенцира дека на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање.

СКСЗМ: Компаниите кои ветија пониски цени во Новогодишната кошничка, да го одржат зборот

Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното.

Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на Новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното, апелира Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното.

-Компаниите што предложија сами, самоволно, без никаков притисок, треба да се придржуваат кон тој предлог, да ги почитуваат предлозите и мерките што ги креиравме заедно со Владата. Не можеме да знаеме 100 отсто, но засега немаме информации дека некои наши членки не се придржуваат до мерката. Имаме и Управен одбор кој ни кажува дека нема такви промени. Ние само можеме да апелираме до нашите членки кои дале збор до 15 јануари да ги држат тие цени, да се придржуваат на тој предлог. Бевме со нашите членки заедно во Владата добороволно да дадат предлози за намалување на некои основни артикли. Тоа се случи. Верувам дека треба така и да постапат. Сме за тоа дека дадоа збор дека до 15 јануари и дека ќе се придржуваат на зборот што го дадоа. Верувам дека компаниите што предлагаа, ќе се придржуваат на тоа и тоа ќе биде најдобар начин за понатаму да имаме такви акции за која било кошничка, изјави денеска петседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

СКСЗМ уште еднаш го потврди ставот дека е против замрзнување на цените и ограничување на маржите.

-За ограничување на маржите, ние сме против. Како Комора секогаш бевме и против замрзнување на цените. Ние сме за слободен пазар и тие ставови не ги менуваме. Мислиме дека слободниот пазар е главниот фактор во државата што треба да го процени квалитетот, квантитетот,..., истакна Ќура на прес-конференција.

Поради поплаките на граѓаните дека се зголемени цените на некои прехранбени производи кои не се дел од Новогодишната кошничка, Владата деновиве најави зајакнати инспекциски контроли во маркетите и можни ограничувања на цените и маржите на овие производи.

СКСЗМ бара 500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор

Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ-то кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната и сегашната Влада доцнат со враќањето на данокот.

[Në konferencën për shtyp të organizuar nga Oda Ekonomike e Maqedonisë Veri-Perëndimore e mbajtur më 26.12.2024 në ambientet e OEMVP-së, kryetari i Odës, z. Mendi Qyra, prezantoi zhvillimet ek]

-За администрацијата, нашите предлози се од претходно, уште пред да дојде оваа Влада. Мислиме дека администрацијата е преоптоварена и сакаме дел од неа да се преквалификува во приватниот сектор. За минималната плата, исто така, зборуваме веќе една година и бараме да биде 31 500 денари. Бараме и придонесите да се намалат зашто мислиме дека се превисоки и тоа е товар што ја пенализира платата. Кај нас е прогресивно, што повеќе плата даваш, даваш и повеќе придонеси. На илјада евра се плаќа 52 отсто, не се плаќа 47 отсто. За минималната плата се плаќа 47,5, а за повисока плата, од илјада евра на пример, 52 отсто. Во Словенија каде што има повисока плата, 42 отсто оди надолу, од 42 на 41,... На таков начин да се стимулира. За ДДВ-то образложението беше вакуумот меѓу промените, па и претходната влада пред да оди избори заостана со враќањето, а и сегашната кога дојде, исто така задоцни. И така, одвреме - навреме на некоја компанија и се плаќа, па се враќа па се сменува бројот, истакна Ќура.

Тој не прецизираше како би се стимулирало евентуалното преминување на дел од администрацијата кај бизнисот, дали преку некој вид отпремнина или повисоки плати.

-Од двете страни треба, и од Владата да се делат средства и од компаниите за да се стимулираат тие работници да се префрлат од администрација во приватен сектор, нагласи претседателот на СКСЗМ.

Општина Гевгелија организира новогодишен дочек на Градскиот плоштад

 Општина Гевгелија и годинава организира традиционален новогодишен дочек на Градскиот плоштад.

Покрај украсувањето на градот со разновидни содржини и Новогодишен базар, новогодишната атмосфера ќе биде збогатена и со традиционалниот новогодишен дочек, информираа денеска од локалната самоуправа.

-За дочекот на новата 2025 година Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма. Граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја испратат 2024 година со концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум бенд“, „Либра бенд“, „Европорта Фест“ во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија на кој ќе настапат млади музички таленти од Гевгелија со изведба на домашна и странска музика и настапот на Ѓорге Митров. Помеѓу настапите на музичките изведби,за изнудување смеа кај присутните на новогодишната забава е задолжен гевгелискиот стенд ап комичар, Дејан Малзарков со неговото шоу „Диверзија“, а водител ќе е Никола Опров, се наведува во информацијата.

Според градоначалникот Андон Сарамандов, Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година, а традицијата треба да се негува. Тој ги покани граѓаните заедно да ја дочекаат новата година.

притисни ентер