Мистериозен товар од кинеска ракета направил двоен кратер на Месечината, откриле научниците

Експертите веруваат дека конечно го идентификувале објектот што удрил во Месечината на 4 март 2022 година, оставајќи зад себе два, а не еден кратер.

Тим инженери од Универзитетот во Аризона наведува дека токму телото на ракетата Long March 3C било отфрлено од кинеската мисија Chang'e 5-T1 во 2014 година. Двојниот кратер најверојатно бил предизвикан, сметаат научниците, поради дополнителниот товар на ракетата што не бил на официјалната листа на Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA), пишува Science Alert.

Ќе биде тешко да се одреди точно за каков товар станува збор без поблиска проверка, што е малку незгодно со оглед на тоа што кратерите се наоѓаат на „спротивната“ страна на Месечината од нас, што никогаш не може да се види директно од Земјата. „Ова е прв пат да видиме двоен кратер“, рече вселенскиот инженер Танер Кембел од Универзитетот во Аризона.

„Знаеме дека Chang'e 5 T1 удри директно надолу, и за да добиете два кратери со приближно иста големина, потребни ви се два посебни објекти со приближно еднаква маса“, додаде Кембел. Астрономите го следеле објектот, наречен WE0913A, од неговото откритие во март 2015 година до неговото евентуално паѓање на површината на Месечината минатата година.

Првично се претпоставувало дека тоа е погонот на вселенското летало SpaceX, но подоцна било утврдено дека мистериозниот објект припаѓал на кинеската мисија од 2014 година. Во новото истражување, научниците ја анализирале траекторијата на неидентификуваниот објект и промените во неговата рефлектирана светлина непосредно пред ударот со цел да откријат за што точно се работи.

Податоците укажуваат на дополнителна маса, односно товар, што делува како противтежа на моторите од едната страна на ракетата, што го објаснува двојниот кратер. ЦСНА не ја објаснија природата на дополнителниот товар. Напротив, тие дури и негирале дека тоа е нивна ракета.

„Не знаеме што би можело да биде. Можеби е некоја дополнителна структура за поддршка, дополнителен инструмент или нешто друго. Веројатно никогаш нема да дознаеме“, вели Кембел. Нема ништо необично во тоа што вселенските летала исфрлаат ракети за време на мисија, ниту пак во тоа што тие ќе ја погодат Месечината. Но, оваа ситуација е уште еден потсетник дека вселенското ѓубре станува сѐ поголем проблем.

Истражувањето, насловено како Physical Characterization of Moon Impactor WE0913A е објавено во списанието Planetary Science Journal.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер