Мистерија за која зборува цел свет: „Сината соба“ од Пикасо крие нешто неочекувано

Податокот за деталите од скриената слика на Пабло Пикасо на медиумите им бил откриен минатата недела. Во текот на изминатите пет години експертите откриле јасна глетка на мистериозната слика под нејзината површина.

Станува збор за портрет на непознат маж насликан во вертикална композиција.

„Токму заради тој момент тоа што го работиме ние е посебно. Другата реакција беше: Кој е тој ?! Сега работиме на тоа да го одговориме ова прашање“, рекла Патриша Фаверо, конзерватор во музејот „Филипс Колекшн“.

Дороти Косински, директорка на овој музеј, вели дека знаењата за Пикасо и за начинот на кој тој работел може да се откријат низ високотехнолошката соработка на музејот.

„Нашата публика е гладна за ова. Тоа е како детективска работа. Им дава пристап за кој сметам дека облагородува, можеби додава мистерија додека истовремено им дозволува да бидат дел од составувањето на сложувалката“, заклучува Косински.



Долго се веруваше дека има нешто под таа слика на Пикасо од 1901 година. Инфрацрвените снимки направени во 2008 година открија човек со брада, кој главата ја потпира на рака со три прстени. Мажот на себе има јакна и пеперутка машна.

Направена е и техничка анализа на сликата па е заклучено дека скриениот портрет Пикасо го насликал веројатно непосредно пред делото „Сина соба“.

„Не можел да си дозволи ново платно, секогаш кога имал идеја за нова слика ги пресликувал постоечките, а работел и на картон бидејќи платното било скапо“, објаснила кустосот Сузан Бехрендс Франк.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер