Минувач го ризикува животот за да спаси давеник од замрзнато езеро (ВИДЕО)

Полицијата во Чикаго објави снимки од спасување на маж кој се давел во водите на замрзнатото езеро Мичиген.

Инцидентот се случил минатата сабота, во областа помеѓу автопатот и езерото Мичиген. На видеото се гледа како маж трча покрај езерото иако е многу студено. Тој застанал кога видел лице во смрзнатата вода затрупано во мраз. Веднаш се обидел да ги запре автомобилите, но возачите не обрнувале внимание на неговата гестикулација.

Кога сфатил дека залудно мавта со рацете, решил да си го ризикува сопствениот живот. Тој ја прескокна оградата на автопатот и се стрча кон првиот телефон за да повика итна помош.

На снимката се гледа како несреќниот човек се обидува да остане на површината на исклучително ладната вода. Медиумите објавија дека тој бил дваесет и двегодишно момче. Денот пред инцидентот бил официјално најстуден во текот на оваа зима во Чикаго.

Набрзо пристигна помошта, а одговорните за итни случаи го извадија давеникот на брегот. На снимката се гледа како лежи неподвижно на снегот, а потоа брза помош го става на носилки и го носи со возилото, јавува People.

Полицијата соопшти дека мажот со сериозни повреди бил примен во локалната болница. Тој е спасен благодарение на минувачот и брзата реакција спасувачките служби од Чикаго.

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер