Министерството за правда планира изготвување Закон за надомест на жртвите од кривични дела

 Министерството за правда планира изготвување Закон за надомест на жртвите од кривични дела. 

Ова денеска го соопшти министерката за правда Рената Дескоска на вториот ден од меѓународната конференција на високо ниво во рамки на стратешкиот дијалог на регионална соработка за борба против недозволената трговија што се одржува во Сиракуза.

Како што информира Министерството за правда, Дескоска ги презентираше предизвиците со кои се соочуваме како држава во поглед на недозволената трговија и го презентираше инстуционалниот одговор против ваквата трговија – активностите кои Владата на Република Македонија ги презема во справувањето со сите облици на недозволена трговија.

Според министерката, недозволената трговија претставува комплексен проблем кој во себе вклучува голем број сегменти како трговијата со луѓе и мигранти, недозволената трговија со оружје, дроги и културни добра и слично.

Мнистерката Дескоска, како што се наведува, истакна дека во нашиот правен систем се вградени сите механизми за успешно справување со организираниот криминал, како: заштитата на сведоци, одговорноста на правните лица, проширената конфискација, посебните истражни мерки и други бројни алатки кои им ја олеснуваат работата на органите на прогонот.

– Не смееме да ја заборавиме и другата страна на овој вид криминал, посебно кај трговијата со луѓе, а тоа се жртвите. Во Министерството за правда е планирано изготвување Закон за надомест на жртвите од кривични дела. Исто така, во измените на Кривичниот законик кои се во тек, согласно препораките на ГРЕТА вградуваме одредби за неказнување на жртвите од трговија со луѓе за нивна неказнивност за сторени дела поврзани со нивната позиција на жртва, потенцираше Дескоска на меѓународната конференција.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер