Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот

Ве информираме дека Министерството за правда ги објавува Записниците од извршениот надзор над функционалноста на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС)  системот во судовите.

Со последните изменувања и допонувања што беа направени во Законот за судовите се воведе обврска на Министерството за правда врз основа на годишен план да врши редовен надзор над функционалноста на АКМИС-от.

Оваа година, Министерството за правда планира да изврши надзор над функционалноста на АКМИС системот во 16 судови. Досега, завршен е надзорот над осум судови, односно половина од предвидените за оваа година.

Комисијата за надзор формирана од страна на Министерството за правда досега подготви шест записници од спроведениот надзор и тоа за Управен суд Скопје, Виш управен суд, Основниот суд Скопје 1, Основниот суд Скопје 2, Основниот суд Кавадарци и Основниот суд Куманово. Извештаите за надзор над функционалноста на АКМИС системот во Основен суд Тетово и Основен суд Кичево се во фаза на подготовка и многу брзо и тие ќе бидат објавени.

Воедно, ве информираме дека Извештајот кој го подготвува Комисијата за надзорот е финален и не оди на одобрување кај министерот за правда со цел да се отстрани можноста било кој министер да интервенира во извештајот за надзорот во судовите.

При увидот во функционалноста на АКМИС-от се вршеше интервју со Претседателот на судот во врска со обврските предвидени со Законот за управување со движењето на предметите во судот и Судскиот деловник и увид во електронските уписници.

Од извршените интервјуа и увидот досега генерално се заклучи дека:

1. Движењето на предметите во судовите се врши преку АКМИС.

2. Распределба и прераспределба на предмети се врши електронски. Не се забележани случаи на доделување на предмет на „рака".

3. Судиите редовно вршат прием на предмети електронски.

4. Изземања на судии се врши по законска процедура и врз законски основи.

5. Исклучување и вклучување на судии од АКМИС се врши со образложена одлука заради отсуство подолго од пет дена.

6. Годишните извештаи за распоред на судии се менуваат заради организациски потреби на судот и избор или заминување на судија во пензија или делегирање на судија во друг суд.

7. Предметите во судовите се распределуваат еднаш дневно во 14.30 часот, а итните веднаш.

8. Одлуки за рачна распределба на предмети има кај предметите по кои постапува само еден судија. И во овој случај предметите се распоредуваат електронски со тоа што истите се доделуваат на ист судија.

Секако, надзорот покажа и одреден број на слабости за кои Министерството за правда достави препораки чија реализација ќе ја следи Надзорната комисија и кои системски ќе се решаваат:

1. Одреден број на судови имаат голем број на неархивирани предмети. Дадени се препораки до судот и повисокиот суд итно да бидат преземени мерки за надминување на констатираниот проблем. Воедно, напоменуваме дека во наведените судови претседателите на судовите имаат донесено план за надминување на наследениот проблем и истиот е во фаза на реализација. Надзорната комисија ќе ја следи нивната реализација.

2. Судовите работат со недостаток од стручни соработници и архивари. Во однос на овој недостаток се предлага истиот да биде надминат со стратегијата за човечки ресурси во судството со која прецизно треба да бидат испланирани потребите од судски службеници во секој суд поединечно.

3. Во таа смисла, не постои реално утврдена систематизација за потребен број на судии по судови, во зависност од оптималниот број на предмети во судот. Во ниту еден од контролираните судови не е пополнет систематизираниот број на судиски места. Анализата на судската мрежа покажа намалување на бројот на предметите во судовите, судовите го решаваат приливот на предмети, што укажува на потреба за ревидирање на бројот на судии по судови.

4. Судскиот совет на Република Северна Македонија многу ретко ги посетува судовите и врши увид во нивната работа. Се препорачува на Судскиот совет да земе по активно учество и увид во работата на судовите.

5. Во секој суд постои итна потреба за зајакнување на капацитетот на информатичката опрема заради исполнување на законски обврски за скенирање на влезна документација и процедура за резервно осигурување на податоците (т.н. back-up). Освен во Основниот суд Кавадарци во ниту еден друг суд не се врши скенирање на целосната влезна документација заради ограничени технички можности на опремата и недостаток од човечки ресурси. Судскиот буџетски совет мора да врши правилно распоредување на средствата во зависност од приоритетите во судовите.

6. Во одредени судови е потребно да се зајакне дисциплината во судот, заради надминување на низа натрупани пропусти (голем број на неархивирани предмети и некористење на сите можности на АКМИС). Беше укажано дека во некој судови судските службеници одбиваат внесување на дополнителни податоци во АКМИС и истото го сметаат за дополнителна работа за што поднесуваат пријави до Судскиот совет. Се препорачува да се вршат почести обуки на судската стручна служба за можностите и потребата за внесување на податоците во системот.

7. Исто така потребно е да се организира континурана обука за ИКТ технологијата на информатичарите, за целосно искористување на капацитетите на АКМИС-от.

8. Во одреден број судови со проширена надлежност нема судски администратори, а со оглед на нивната надлежност нивниот избор е неопходен.

9. Во судовите обично не се формира одделот за судска практика од причина што работата на вакви предмети не се нормира. Потребно е да се утврди начин на нормирање на предмети од област судска практика и јасно да се дефинира надлежноста на овој оддел.

10. Потребно е Судскиот совет да ја преиспита целисходноста на делегирање на судии од поголеми судови во судовите во Скопје, односно неопходно е да се прави подолгорочна стратегија за реален број на судии по судови и да не се создава недостаток, а со тоа и заостаток на предмети по судови заради судиско делегирање на долг рок.

11. Вишиот управен суд и Управниот суд работат во несоодветни објекти кои не ги задоволуваат основните потребите на судот и граѓаните заради што е потребно да се изнајде трајно решение за овој проблем.

12. Да се изврши оптимизација на АКМИС во Вишиот управен суд, Управниот суд, Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје. Односно во цитираните судови егзистираат сите видови на електронски уписници иако станува збор за судови со посебна законска надлежност.

Министерството за правда изразува благодарност до сите претседатели и одговорни лица во споменатите судови за исклучително добрата соработка.

Министерство за правда

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер