Министерството за култура ги објави резултатите од годишните конкурси

Министерството за култура ги објави резултатите за годишните конкурси за проекти.

За финансирање пристигнале 5.560 пријави, а комисиите предложија поддршка за 2.781 проект.

Оваа бројка ја потврдува заложбата на министерот Асаф Адеми за широк опфат на поголем број креативци и продуценти, со што се даде дополнителен квалитет велат од министерството и додаваат дека се поддржани исклучиво издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негува и поттикнува културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој.

Нов квалитет кој култура го воспостави од оваа година е вреднување на проектите преку бодирање, кое транспарентно е објавено заедно со поддржаните проекти.

Годишна програма на Министерството за култура и резултати од годишнитe конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година може да ги погледнете на линкот:

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетск

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од  Газа, каде стигнаа на околу 200 метри од границата со Египет, изјавија палестински и египетски официјални лица кои побараа да останат анонимни, пренесуваат американските медиуми.

Египетски функционер изјави дека се чини дека станува збор за операција од ограничен обем и дека израелските власти го информирале Египет дека војниците ќе се повлечат по завршувањето на операцијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) одбија да ги коментираат наводите, а американските медиуми не можат независно да го одредат опсегот на операцијата.

Информациите доаѓаат еден ден откако Израел нареди евакуација на повеќе од 100.000 Палестинци од Источен Рафа во „безбедна зона“ во близина на градот Кан Јунис.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека изведуваат „целни напади“ против палестинската милитантна група Хамас во источниот дел на Рафа, а палестинските власти соопштија дека во воздушните напади загинале најмалку пет лица.

Израелскиот воен кабинет вчера одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа со цел „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната изјава на Хамас дека палестинската група се согласила со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио

Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио.

Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови.

Претходно денеска, палестински функционер за безбедност и египетски претставник за американските медиуми изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа и се наоѓаат на само 200 метри од преминот.

Од полноќ стапи во сила молкот, денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Денеска, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Престижната Пулицерова награда за новинарство му е доделена на истражувачкиот медиум „ProPublica“ за „иновативното“ известување за тоа како милијардерите ги „придобивале“судиите на Врховниот суд на САД со подароци и обезбедување патувања. Агенцијата Асошиетед прес е награден во категоријата фото-репортажа за известување за имиграцијата во САД преку Латинска Америка.

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Фотографиите на АП се направени низ Латинска Америка и долж границата меѓу САД и Мексико, во Тексас и Калифорнија, во годината кога миграцијата беше една од најголемите теми во светот.

Со оваа престижна награда се овековечени 15 фотографии од вработени во агенцијата АП и тоа Грег Бул, Ерик Геј, Фернанд Лано, Марко Угарте и Едуардо Вердуго, како и долгогодишните вработени во АП Кристијан Чавез, Феликс Маркез и Иван Валенсија.

Пулицеровата комисија доделува и награди за извонредна работа во области како што се литературата, музиката и театарот.

Наградите се воведени со последната волја на издавачот Џозеф Пулицер.

За наградите одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој и самиот беше во вестите за студентските демонстрации против војната во Газа.

притисни ентер