Министерскиот состанок почна утринава, за датумот ќе се одлучува утре

Во сенка на прашањата за Брегзит и турската офанзива во Сирија, Македонија го очекува европскиот расплет за преговорите со Унијата.

По францускиот студен туш, сега сите надежи се насочени кон вечерашниот амбасадорски состанок во Луксембург, од кој, македонската влада очекува да се спаси, што може да се спаси пред утрешниот прв тест, на Советот на министри. На неповолниот епилог се надоврзува и молкот по вчерашната средба меѓу Макрон и Меркел во Париз. Дали воопшто станало збор за Македонија, како што се најавуваше, не е познато, а проширувањето не беше споменато и на заедничкото обраќање. Премиерот Заев и натаму е оптимист дека аргумените се на наша страна.

-Утре почнуваат состаноците на Советот на министри и ќе ги знаеме поконкретно чекорите, но верувам дека на 17 и 18 ќе бидат донесени конкретните одлуки за нас. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. оцени Зоран Заев, претседател на владата

Засега на маса се две сценарија. Првото, и најнеповолно за земјава е Макрон да истрае на првичниот став од пред четири дена и преговорите со Скопје и Тирана да се одложат на неопределно време, а на прашањето да се навратат кога земјите ќе ги исполнат условите и ќе се формулира новата реверзибилна методологија на преговарање. Второто, и многу поповолно сценарио е она што го турка финското претседателоство - Македонија да добие зелено светло, а првото поглавје формално да го отвори најдоцна до јуни, дотогаш паралелно да се работи на ремонтот на методологијата, на кој инсистира Париз. Извори на Канал 5 велат дека како компромис кој би можел да ја задоволи Франција, на маса да се најде финскиот предлог, но без временската одредница кога би бил стартот на преговорите.

– Тоа ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посеризно и посилно со ревезрибилна метода – ако не успеат да ги враќа назад. На пример ако третото поглавје е слобода на медиумите, ако успеете да го затворите во првата година или две, а преговорајќи во третата или четвртата ја нарушите слободата на медиумите, да ве враќа назад. Тоа значи дека земјите кои преговараат треба да имаат одржливи постигнати поглавја, заокружени политики, кои ќе значат трајни трансформации на општествата, објаснува Заев

Во меѓувреме, француската скептичноста наиде на осуда кај дел од актуелните и поранешните европски лидери. Екс бугарскиот претседател Плевнелиев вели дека ставот на Макрон извира од зголемениот национализам и неговиот пад на популарноста во Франција.

Кажувам најодоговорно, тоа е едно направилно решение, ако францускиот претседател ја затвори вратата во овој историски момент за почеток на преговори со Македонија и Албанија, изјави Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Бугарија

Почеток на преговори за земјава, преку отворено писмо, објавено во Поллитико, денеска побараа шефовите на дипломатите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

притисни ентер