Министерот Тодоров го нервираат лажговци, а притисокот му го спушта вежбањето

Физичката некативност, стресот, неправилната исхрана причина за мозочни и срцеви удари

Стресот, лошата исхрана, цигарите, физичката неактивност се основни причинители за мозочните и срцевите удари. На Светскиот ден на здравјето статистиката покажува зголемениот број на болни го намалува здравствениот буџет. И првиот човек во здравството Никола Тодоров во борба против стресот.

„Па спортската активност многу ми помага во намалување на стресот и напнатоста. Најмногу ми го крева притисокот лажење“, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

Стресот сериозно го зголемува високиот притисок . Физичката активност може да помогне да останат срцето и мозокот здрави.

„Па докторите си знаат и си пијат навреме апчиња, ама и спортуваат, секој ден трчаат на кеј и јас трчам“, вели проф. Д-р. Јован Тофоски, Македонско лекарско друштво

Најмладиот пациент со мозочен удар има само 31 година и е во клиниката 8-ми септември. Температурните разлики ги полнат клиниките со пациенти кои имале удар.

„Мислам дека превентивата е најдобра, бидејќи веќе кога ќе има удар е доцна“, вели Д-р. Сашо Стојчев, невропсихијатар „8-ми септември“.

Во Македонија жените имаат подолг век на живот од мажите. Во просек жените живеат 77 години. За 4 и пол години во просек ги надживуваат мажите – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер