Министерот Сугарески со сретна со новоименуваниот кинески амбасадор Џанг Ѕуо

 Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска се сретнал со новоименуваниот Амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата, соопштија од Министерството за транспорт и врски, се разговарало за економската соработка помеѓу двете земји, при што министерот Сугарески го информирал амбасадорот Ѕуо за реализацијата на инфраструктурните проекти. Посебен акцент Сугарески ставил на проектите што се реализираат со поддршка на ЕКСИМ Банка, во кои се вклучени компании од НР Кина.

Исто така, како што стои во соопштението, министерот Сугарески го информирал амбасадорот дека преку ЕКСИМ Банката се обезбедени дополнителни средства за доизградба на автопатот Кичево-Охрид.

– На мое лично задоволство денеска одржав работна средба со Амбасадорот на НР Кина, на која разговаравме за капиталните проекти што ги реализираме во нашата држава. Воедно го информирав амбасадорот дека во следниот период се отвора широк фронт за работа и ги повикав сите заинтересирани кинески компании да учествуваат во јавните повици за изградба на железницата, гасификацијата и патната инфраструктура. Со НР Кина сме пријателски земји, имаме одлична соработка и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина, изјавил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

И двете страни покажале заинтересираност за зголемување на економската соработка и продлабочување на пријателските односи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер