Министерот Мисајловски на Криволак ги посети македонските и специјалците од уште шест земји

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (14 ноември) на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (14 ноември) на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“.

На Денот на високи гости на кој присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски, како и високи воени претставници и одбранбени аташеи од земјите-учеснички, заеднички тимови на специјалци реализираа здружена показна вежба на која ги прикажаа своите вештини и способности. За време на двонеделното извежбување користени беа осум хеликоптери од типот CH47 „Chinook“, UH60 „Black Hawk“, „Puma“ и Mi-17, а над 120 специјалци во мешани тимови од сите земји-учеснички извршија повеќе задачи како спуштање од хеликоптер со јаже, гаѓање со снајперски пушки со долг дострел, обезбедување од копно и од воздух, борба во затворен простор, медицинска евакуација и други.

Вежбата која се одржува на годишно ниво во една од земјите – учеснички ја јакне регионалната соработка во овој домен и ја унапредува интероперабилноста која е основа за зацврстување на колективната безбедност. Оваа годишна вежба се реализира од 2011 година на иницијатива на началниците на Генералштаб од балканските земји.

28- годишниот Анас Саид планирал терористички напад во САД, сакал да ја повтори 2001.

ФБИ го уапсиле 28-годишниот Анас Саид од Тексас, кој е осомничен дека ја поддржувал ИСИС и планирал терористички напад во Америка како на 11 септември 2001 година, кога на американско тло беше извршен еден од најголемите напади на сите времиња.

Специјалниот агент на ФБИ Даглас Вилијамс рече: „Денес е голем ден. Успеавме сомнителен терорист да тргнеме од улиците на Хјустон“.

Саид наводно го планирал нападот од неговиот стан во Хјустон, а особено истражувал како да изврши терористички напад врз локални воени центри за регрутирање. Тоа ја потврдил сериозноста на неговите намери и потенцијалната опасност што ја претставува, објави Фокс Њуз.

Во соопштението од канцеларијата на ФБИ во Хјустон се нагласува успехот на операцијата.

- Запревме потенцијален терористички напад да се случи овде во Хјустон. Секој ден можеме да кажеме дека е добар ден. Ова апсење е важен чекор за одржување на безбедноста и мирот во заедницата.

Терористичкиот напад на кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и на зградата на Пентагон на 11 септември, според официјалните извештаи, го извршиле припадници на Ал Каеда во киднапирани патнички авиони. Деветнаесет членови на Ал Каеда упаднаа во кабините на четири патнички авиони и користејќи хартиени ножеви како оружје и ја презедоа контролата.

Трет авион киднапиран над Охајо се урна на западната страна на Пентагон, предизвикувајќи уривање на зградата. Четвртиот авион се упатил кон Вашингтон, но се урнал во поле во Пенсилванија откако патниците влегле во кабината и се бореле со киднаперите за преземање контрола.

Израелко- палестинска „војна“ во Париз, на натпреварот е и Макрон (ВИДЕО)

Франција и Израел вечерва на „Стад де Франс“ го играат натпреварот од 5. коло во Лигата на нации, а трибините на стадионот во Париз се полупразни поради францускиот протест против Израел.

Мнозинството Французи не сакале да дојдат на натпреварот во знак на протест што нивната репрезентација го пречека Израел на домашен терен. Малиот број навивачи собрани на трибините решија да ги нападнат Израелците.

Во текот на натпреварот Французите ги нападнаа израелските навивачи и на една од трибините настана тепачка. Инциденти имаше и пред самиот натпревар, додека пропалестинските активисти се обидоа да ги нападнат Израелците, но сѐ остана „само“ на нивна пресметка со полицијата.

Икс е полн со постови од француски навивачи кои велат дека е срамота што натпреварот со Израел се игра во Париз додека израелската армија врши геноцид во Газа. Присутните навивачи ја исвиркуваа химната на Израел пред почетокот на натпреварот.

Да потсетиме, неодамна имаше конфликт на улиците на Амстердам каде Макаби од Тел Авив гостуваше кај Ајакс. Марокански навивачи претепаа голем број израелски навивачи поради провокации на сметка на настаните во Газа.

Во огромна дупка се заробени 4.000 прегладнети рудари, министерката им се закани (ВИДЕО)

Во Јужна Африка се случува вистинска драма бидејќи според неофицијални проценки, речиси 4.000 нелегални рудари се заробени во еден рудник, а можностите за снабдување со храна и вода се прекинати.

Владата го прекина синџирот на снабдување за да ги „намами“ илегалците од рудникот и да ги уапси.

Владата официјално соопшти дека нема да има помош за овие рудари, кои се наоѓаат во затворен рудник во северозападната провинција, бидејќи тоа не е во согласност со официјалната политика против илегално ископување.

Се верува дека рударите во рудникот Стилфонтејн страдаат од недостиг на храна, вода и други основни потреби, откако полицијата ги затвори влезовите што се користат за транспорт на материјали во рудникот.

Министерката во Претседателството Кумбуџо Нтшавени им рече на новинарите дека владата нема да испрати помош за илегалните рудари - локално познати како „зама замас“ - бидејќи тие се вклучени во криминални активности.

„Нема да им испратиме помош на криминалците. Со чад ќе ги избркаат. Ќе излезат. Нема помош за криминалците, тие ќе бидат гонети. Не сме ние тие што ги испративме“, рече Нтшавхени.

Таа рече дека рударите ќе бидат кривично гонети.

„Не отидоа таму за добро за државата, па нема ни да им помогнеме“, рече министерката.

Нтшавхени им се закани и на оние кои сакаат да им помогнат на рударите.

„Тие што сакаат да им помогнат, мора да слезат да им однесат храна, но штом ќе излезат ќе ги уапсиме“, рече министерката.

Рударите се во окното во Стилфонтејн, рударски град кој се наоѓа на околу 155 километри југозападно од Јоханесбург. Во текот на изминатите неколку недели, повеќе од 1.000 рудари се појавија и веднаш беа уапсени од полицијата како дел од нивната операција „Вала Умгоди“ - или „Затвори ја дупката“.

Јужна Африка некогаш беше најголемиот светски производител на злато, но бележи пад во последните неколку децении. Голем број локации сега се напуштени и се распаѓаат. Илјадници нелегални рудари влегуваат во овие затворени рудници за да најдат повеќе злато и други минерали, ризикувајќи ги своите животи поради состојбата на овие рудници.

Минатата година, во јуни, најмалку 31 лице загина во затворен рудник во провинцијата Фри Стејт по експлозија на метан.

Многу нелегални рудари доаѓаат од соседните земји - Мозамбик, Зимбабве и Лесото.

Не само што го кршат законот со илегално ископување во рудници, туку често вршат и други кривични дела - вклучувајќи убиства, грабежи и силувања.

Има и војни на терен во кои се вклучени тешко вооружени „зама замас“ кои се борат против ривалските групи и често се борат против локалните власти.

притисни ентер