Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers" по големиот успех во Либан

 Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers", по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен First Lego League настан, што се одржа во Либан.

Станува збор за натпревар во едукативна роботика, што се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.

Манчевски, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, го поздрави нивниот успех, и како што истакна, тој да се биде втор во толку голема конкуренција значи многу и за нив, но и за државата што поради „Space Walkers" е на мапата на најуспешни држави во областа на роботиката за деца. На средбата присуствуваа и претставниците од СТЕМ академијата во Скопје, кои се ментори на овој тим.

– Децата го претставија својот проект и ги раскажаа импресиите од нивната посета на Либан и учеството на натпреварот. Tимот го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од петто до деветто одделение во неколку основни училишта во Скопје, посочија од Министерството.

Како што рече министерот Манчевски, Владата и МИОА, се на располагање за секој вид на поддршка, за учество и на други натпревари и нижење на уште поголеми успеси.

– Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност. Наша обврска и должност како држава е да им бидеме партнер и помош во тој процес, рече министерот Манчевски.

„Чудото од дете“ на Барселона е најскапиот фудбалер на светот

Академијата Ла Масија во Барселона се смета за фабрика за создавање таленти.

Познато е дека низ неа поминале многу познати играчи како Чави, Иниеста, Меси, Бускетс, но еден играч би можел да ги засени во блиска иднина.

Тоа е Ламин Џамал, кој во јули наполни 17 години, а сега и официјално е најкорисен фудбалер во светот. Меѓународниот центар за спортски студии ја објави листата на најскапи играчи помлади од 23 години, на која чудото од Барселона го држи првото место.

Неговата вредност е проценета на 134 милиони евра, а второто место му припаѓа на 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невес, чија вредност се проценува на 73 милиони евра, додека третото место го поделија Савио од Жирона и Кол Палмер од Челзи. .

Инаку, Џамал ​​има договор со Барса до крајот на сезоната, а медиумите во Шпанија веќе го споредуваат со легендарниот Лео Меси.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

Стојаноска:Во Платформа 1198 за Јегуновце предвидено реконструкција и изградба на инфраструра

На 24-ти април огромен број на гласачи испратија силна порака до актуелната, но и до идната власт. 

На актуелната власт и’ потпишаа решение за долгогодишен одмор, додека на идната власт и’ даваат можност да почне да ги исправа нештата, но без никаков простор за било каква грешка или пропуст, вели носителката на листа за пратеници во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Јегуновце.

Таа посочи, додека актуелната власт се созема од добиениот нокдаун и најавува дека ќе почнела од нула, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на програмата платформа 1198 и на дел од инфраструктурните проекти за општина Јегуновце.

Проектите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Јагуновце се следните:

- Реконструкција на патниот правец Желино – Јегуновце до 2028-ма година;

- Реконструкција на патниот правец Лешок – Шемшево до 2028-ма година;

- Реконструкција и изградба на локалниот пат Копанце – Туденце;

- Локален пат од Туденце до Сириќино, реконструкција на пат во Сириќино;

- Реконструкција на локални улици во Јегуновце;

- Доизградба на фекална канализација во Јанчиште и Подбреѓе;

- Изградба на фекална канализација во Ратае;

- Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Старо Село;

- Изградба на регионален пат Рогачево и

- Тампонирање на пристапни патишта во Јанчиште, Подбреѓе, Копанце, Раотинце, Туденце и Прељубиште.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, исто така додаде Стојаноска, ветува и 5.000 денари поголеми пензии за сите пензионери уште во првата година, спорт, градинка и учебник за секое дете, дигитален попис на населението во 2026-та, доходовна поддршка за земјоделците и уште многу други проекти кои ни ги предложија граѓаните, ни ги срочија експертите, а ни ги пресметаа и одобрија финансиерите.

Посочи дека идната власт нема да креира закони во затворени канцеларии и истите криминално да ги протнува низ Парламентот, туку ќе креира закони од и за народот, закони кои ќе бидат широко и отворено дебатирани и закони кои ќе добијат заслужен професорски експертски потпис од идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер