На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се разговарало за последните промени во Изборниот законик, направени согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, што беа усвоени консензуално и заложбите на Владата на Република Македонија за спроведување на фер и демократски избори.
Министерот Беџети истакнал дека со ова законско решение се исполнуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а согласноста на политичките субјекти во Република Македонија треба да создаде уште посилни предуслови за транспарентен изборен процес и унапредување на процесите во оваа област, што е од посебна важност како за нас, така и за нашата евроинтеграција.
- Претседателските и вонредните парламентарни избори ќе бидат тест за демократските капацитети на државата, особено по консезуалните измени на Изборниот законик, истакнал шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР, Герт Аренс.
На средбата било изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашните изборни циклуси, како и очекување истата да продолжи и во иднина.