Минатиот месец бил избегнат воен судар на две земји кои имаат нуклеарно оружје

Според разузнувачки извори на агенцијата Ројтерс, минатиот месец бил спречен сериозен воен судир меѓу Индија и Пакистан , земји кои поседуваат нуклеарно оружје.

Со интервенција на американски политичари , меѓу кои и советникот ан Белата куќа за национална безбедност , Џон Болтон, бил избегнат судар од поголеми размери меѓу Пакистан и Индија.

Односите меѓу двете земји , кои со децении се лоши , допоплнително се влошија по заробувањето на индискиот пилот , чиј воен авион падна на пакистанска тероторија во поделената провинција Кашмир.

Индиската јавност особено беше гневна на видеата , каде се гледа како Пакистанците го тепаат и измачуваат индискиот пилот. Поради тоа , Индија во еден момент му се заканила на Пакистан дека ќе го гаѓа со шест нуклеарни ракети одеднаш , додека од Пакистан одговориле дека тие ќе вратат три пати посилно.

Ваквата закана ги алармирала политичките центри во Вашингтон , Пекинг и Лондон.

Болтон ноќта меѓу 27 и 28 февруари разговарат со индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал , а потоа и државниот секретар на САД Мајк Помпео зборувал со претставници и на двете страни.

Следниот ден , на 28 февруари, пакистанскиот премеиер најави дека индискиот пилот ќе биде ослободен.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер