Милосављев: Би сакал целата кариера да ја поминам во Вардар

 Голманот на Вардар, Дејан Милосављев во интервју за клупскиот сајт изјави дека „цревно-црните“ не се аутсајдери во ниту еден натпревар од Лигата на шампионите, а потценувањето од останатите само дополнително ги мотивирало играчите на Парондо.

- Мислам дека не сме биле аутсајдери на ниту еден натпревар. На мечот со Рајн Некар некои луѓе очекуваа дека мечот може да биде многу потежок, зашто Рајн Некар е брза екипа, а ние имаме неколку повредени играчи и може не сме во можност да играме брз ракомет. Тоа, пак, дека луѓето сезонава го потценија Вардар дополнително не мотивираше. Костурот на екипата кој беше и минатата сезона, а кој го сочинува Вардар, тука мислам на капитенот Стојанче Стоилов, Тимур, Карачиќ, Чупиќ, Шишкарев, се играчи со светски имиња во ракометот и мислам дека ниту еден противник, кој ќе се најде спроти нив, не треба да ги потцени, смета Милосављев.

Во однос на тоа каде се гледа себе си во иднина, голманот без размислување одговора „во Вардар“.

- Договорот ми е на три години. Но, има луѓе кои кога ќе дојдат, коментираат, добро браниш, млад си, нема да останеш долго во Вардар, но јас не размислувам за друг клуб. Неверојатно е ова што тука го доживувам и би останал уште 15 години, целата своја кариера. Гледам зашто сите играчи тука би сакале да ја поминат кариерата. Најверојатно ќе дојде време да отидам во друг клуб, зашто сите менуваат, но сега би сакал тука цела своја кариера, ако е можно, додава Србинот за клупскиот сајт.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер