Милевски: Потврдивме дека имаме квалитет

Македонската репрезентација до 21 година ја продолжи серијата позитивни резултати одигрувајќи нерешено 1:1 против Словенија на гостински терен во Цеље.



- Мораме да бидеме задоволни од прикажаното, бевме цврсти, добро организирани и со многу желба да одиграме добар натпревар и да оствариме позитивен резултат иако Словенија е многу подобро пласирана на УЕФА ранг листата. Играчите потврдија дека имаат квалитет и потенцијал да одиграат добар натпревар, покажаа желба и карактер и ние како стручен штаб сме задоволни. Посакуваме напредок на секој следен натпревар, само на тој начин можеме да успееме. Сега веројатно ја поставивме насоката по која ќе се движиме, а тоа значи дека мораме да бидеме еднакво добри и на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.

Македонската репрезентација под водство на Благоја Милевски на досегашните три натпревари нема пораз. Две победи против Романија и Црна Гора и нерешено против Словенија.

Квалификациите за младинското Европско првенство Македонија ги почнува на 11 јуни против Исланд.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

 Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

Свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово

Свечена промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, ќе се одржи денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот.

На промоцијата обраќања ќе имаат премиерот на техничката Влада Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и Сузе Трајковска, раководител на Центарот за обука на МВР.

Настанот ќе биде пренесуван и во живо на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.

притисни ентер