Милан Живковиќ: СДСМ посветено работи за социјалната правда во државата, извлекување од сиромаштија и грижа за најранливите категории

Социјалната правда е основниот принцип за просперитет во една држава.

Денес, по повод Меѓународниот ден на социјалната правда, повторувам дека СДСМ континуирано и посветено работи на отстранување на сите бариери со кои се соочуваат луѓето поради пол, возраст, социјалната положба, етничката припадност или попреченост.

Градиме општество без поделби, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности и затоа решително рековме НЕ на сите форми на дискриминација и го донесовме законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ние градиме вистински хумано општество, посветено ја реализираме социјалната реформа со која се фокусиравме на извлекуваме од сиромаштија за да им овозможиме достоинствен живот на сите граѓани.

Со зголемување на социјалната помош за 300 проценти, над прагот на сиромаштија извлекуваме повеќе од 120 илјади наши сограѓани кои се соочуваат со социјален ризик.

Но, не застануваме тука. За социјално ранливите лица обезбедуваме обуки и преквалификации за да можат активно да се вклучат на пазарот на труд.

Особено внимание посветувме на искоренување на детската сиромаштија за да им обезбедиме еднакви шанси на сите деца. Сега детски додаток добиваат над 27.000 деца, образовен додаток користат 8.500 ученици.

За две години изградивме и реновиравме повеќе од 70 градинки и детски центри во целата земја, во градовите, но и во руралните средини за да обезбедиме правилен детски развој и заштита на децата.

Приоритет ни е и грижата за повозрасните лица, нашите родители, баби и дедовци. Со историското покачување на пензиите од над 700 денари настојуваме да им обезбедиме поспокојни пензионерски денови на лицата што ја градеа државата.

За повозрасните кои не оствариле право на пензија и немаат друг извор за егзистенција обезбедена е социјална пензија која веќе ја примаат над 4.000 корисници.

Кај нас со сиромаштија се соочуваа и вработените лица со минимални примања. Токму затоа ја покачивме минималната плата за 60% од срамните 9 на 14.500 денари. И нема да застанеме тука, во името на социјалната правда и повисок стандард, минималната плата до декември 2020 ќе биде 16.000 денари а до крајот на 2023година ќе ја зголемиме на 18.000 денари.

Исто така, го решивме и долгогодишниот горлив проблем со стечајицте. 12.000 луѓе кои, не по своја вина поради стечај на фирмите, останаа без работа, сега добиваат 8.000 денари месечно до пензионирање.

Донесовме закон за отпис на камати, ги намаливме трошоците за нотари, извршители и адвокати, се со цел граѓаните да имаат повеќе средства на располагање во семејните буџети.

Спроведуваме низа мерки и олеснувања за инклузија на лицата со попреченост, обезбедуваме финансиска помош и поддршка за самовработување, за земјоделците, за жените, самохраните родители, жртвите на семејно и родово насилство.

Ова се само дел од мерките што го подобруваат животниот стандард на граѓаните од ранливите категории.

Според Уставот ние сме дефинирани какосоцијална држава, но бевме сведоци дека 11 години се креираа политики кои ја зголемуваа нееднаквоста, го продлабочуваа јазот меѓу богатите и сиромашните, ја избришаа средната класа.

Затоа уште еднаш ќе нагласам дека СДСМ продолжува со реализација на мерките со кои нашата држава станува поправедна, поеднаква, со помалку сиромашни граѓани.

СДСМ го поддржува концептот на фер и еднаков сооднос меѓу граѓаните и општеството. На прав пат сме, велиме ЗА социјална правда во нашата држава и продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал.Благодарам!

Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

Светска програма за храна на ОН-Луѓето во Газа се соочени со „целосно гладување“

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“.

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

притисни ентер