Милан Живковиќ: Мизрахи потврди дека не е спремна да биде технички министер

Мизрахи потврди дека не е спремна да биде технички министер, туку да слугува на Мицкоски за враќање на режимот на ВМРО ДПМНЕ.

Кадрите на Христијан Мицкоски во техничката Влада покажуваат крајно непознавање на работите и освен ширење на невистини од партиската кујна на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не видоа ништо друго.

Техничката министерка на Мицкоски за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, продолжи по стапките на Диме Спасов, најлошиот министер на сите времиња, познат по бројните скандали, промашувања и брканици низ скопските улици со наводни „криминалци од Серава".

Изјавите на Мизрахи се потврда дека таа не е спремна да биде технички министер туку да слугува на партиските наредби на Мицкоски за враќање на режимот.

Техничката министерка за труд и социјална политика после 2 дена работа покажа некомпетентност и демонстрира дека не го знае новиот Закон за социјална заштита.

Таа не знае дека надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесена на 15 стручни комисии при јавните здравствени установи низ цела држава а се формирани од страна на Министерството за здравство.

Токму овој начин на работа ги реши проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги создаде.

Додека ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ја уништуваше социјалната заштита, СДСМ, за само 2.5 години преку системска реформа обезбеди соодветна помош за 300.000 наши сограѓани и сограѓанки.

Со СДСМ, финансиското зајакнување на семејствата кои се во ризик е преточено во системска поддршка која не толерира никакви притисоци од било кого. Извлекувањето од сиромаштија е преку системот на гарантирана минимална помош која е за 300% поголема од социјалната помош што беше исплаќана од ВМРО-ДПМНЕ.

Ширењето на невистини не може да биде политика, граѓаните не веруваат во новите лаги на ВМРО-ДПМНЕ како оние на Диме Спасов.

НЕ. Системот е реформиран и 30.000 семејства-корисници на поддршка и помош од државата го чувствуваат тоа во нивното секојдневие.

За две и пол години инвестиравме во 43 градинки низ цела држава со што голем број рурални места за прв пат добија градинки.

Со програмата за 2020 се предвидени 10 инвестиции во градинки со буџетски средства.

Што е следно за техничката министерка Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата која 2,5 години е против се што е добро во социјалата?

Ќе отиде во малите групни домови и ќе каже дека извлекувањето на децата од институциите како „Ранка Милановиќ" и сместувањето во семејна атмосфера не е во ред затоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше се' против овој систем? Или лицемерно ќе ги прифати?

Ќе отиде ли во новоизградените 43 градинки од СДСМ за само 2,5 години и ќе каже дека не ни се потребни?

Ќе ги посети довчерашните стечајни работници и ќе им каже дека не се заслужни за надоместокот што го примаат до трајно пензионирање затоа што ВМРО-ДПМНЕ беше против нив?

Ќе им каже на примателите на социјалната пензија дека таа мерка е непотребна затоа што ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа?

На 12ти април граѓаните и граѓанките ќе ѝ кажат на Мизрахи и на нејзините деструктивци од ВМРО ДПМНЕ дека со лаги и невистини не се гради прогресивна држава, туку дека тоа се прави со реформски подвизи како тие на СДСМ.

СДСМ покажа дека има способен тим, предводен од Мила Царовска кој направи вистинска реформа во социјалната сфера со кој сите ние се гордееме. Извлекуваме од сиромаштија, обезбедуваме повеќе пари во секое семејство!

Мицкоски и слугите на режимот ги очекува нов пораз. По 12 април продолжуваме по вистинскиот пат!

Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

притисни ентер