Мијалков за „Монструм": Не се сеќавам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле на воени боишта

Не се сеќавам дали оперативната обработка за исламистичка група се издиференцирала во овој случај. Не можам да се сетам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле во воените боишта во Авганистан и Ал Каеда.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска при сведочењето во Кривичниот суд Скопје, за предметот „Монструм", за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковско Езеро на 12 април 2012 година, посочи дека не може да се сети дали странски служби ги информирале дека станува збор за лица кои биле во воените боишта во Авганистан и Ал Каеда.

– Не се сеќавам дали оперативната обработка за исламистичка група се издиференцирала во овој случај. Не можам да се сетам дали странски служби не информирале дека станува збор за лица кои биле во воените боишта во Авганистан и Ал Каеда. Сите мотиви во овој случај ги класифицираше јавниот обвинител, истакна Мијалков.

Поранешниот директор на УБК наведе дека немал претходни информации дека ќе се случи овој настан.

На прашање на обвинетиот Фејзи Азири, дали на 12.04.2012 фунционирале безбедностите камери на Град Скопје, Мијалков одговори дека тоа може да се провери во МВР и дека не се сеќава кои камери работеле пред осум години.

Мијалков беше прашан дали одржал средба со директорот на тајната служба по овој убиствата кај Смилковското езеро.

– Да, имав една средба со шефот на тајната полиција, но не се сеќавам кога точно е реализирана, наведе Мијалков.

Обвинетиот Азири, побара појаснување од сведокот Мијалков, зошто истрага е водена во една насока.

– Во моментот на настанот немавме никакви информации. Не е вистина дека сме воделе постапка во еден правец. Групата се издиференцира како резултат на материјалните докази и од ПИ-мерките. Не можам да ви кажам како вашиот број е избран да се следи, рече Мијалков.

Мијалков за настанот дознал половина час по убиството. Случајот го воделе БЈБ, а Управата била вклучена со помагање во информации.

– УБК беше присутна во својство и улога на собирање информации по однос на оперативни сознанија. За овој случај беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ, појасни Мијалков на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи.

Денешното рочиште за случајот „Монструм" продолжува со сведочење на поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски. По него треба да сведочат и поранешните министри Муса Џафери и Блерим Беџети./МИА.

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

Собранието на Косово ќе разгледува нацрт-резолуција за извештајот на Стејт департментот

Собранието на Косово денеска на предлог на опозицијата ќе ја разгледа нацрт-резолуцијата што се однесува на наодите од извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Косово.

Опозицијата и власта имаат различни оценки за тој извештај, а пратениците од владејачката Самоопределување веќе најавија дека нема да гласаат за предложената резолуција.

На дневен ред на денешната седница што треба да започне во 11:00 часот има 22 точки на дневен ред.

Како што претходно оцени Косовскиот демократски институт, парламентот се соочува со хроничен недостаток на кворум, поради што одредени точки не се усвојуваат со месеци, јави Бета. /МИА

притисни ентер