Мицубиши донесе одлука што ќе ги растажи купувачите

Познатиот јапонски производител на автомобили има нов сопственик , кој нанави драстични потези во пазарното работење.

Мицубиши и неговиот Лансер со години се поим за перформанси на спортски автомобил. Но , денеска Мицубиши најави дека нема веќе таква понуда и дека ќе се ориентираат кон спортски урбаните возила(СУВ).

Тоа го потврди и првиот човек на Мицубиши за Британија, Роб Линдли .

,, Фокус на Мицубиши сега се СУВ , кросовери, 4WD погон и алтернативните извори на енергија. Мицубиши и претходно се репозиционираше , било да зборуваме за стилот на Спејскастер или спортски автомобили. “ , објасни Линдли.

Љубителите на брзината и октаните особено ќе се разочараат бидејќи иемто Еклипс Мицубиши ќе го задржи на новиот кросовер , додека Еволушн ќе стане синоним за електричен кросовер модел.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

притисни ентер