Мицотакис со порака до Скопје и критики до Ципрас и пратениците кои го поддржаа Договорот од Преспа

Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, порача лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор од грчкиот град Кожани.

Мицотакис, на граѓаните им објасни што може да стори Нова демократија и што лично тој ќе направи откако веќе постои ратификуван меѓународен договор: ќе го искористи правото на вето на патот на нашата земја кон Европската унија, ќе се бори да ги заштити грчките македонски производи и ќе предложи силен развоен план за Северна Грција.

-Првото што ќе го направам и за кое јавно имам кажано е дека како следен премиер, доколку грчките граѓани ми дадат доверба, нема да го испуштам правото на Грција да стави вето на пристапниот процес на Скопје, доколку сметам дека не им служи на националните интереси. И на семиолошко ниво, реков дека фразата „му посакувам добредојде на македонскиот Премиер" никогаш нема да ја слушнете од мене. Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, рече Мицотакис.

Во однос на трговските производи рече дека денес, „стотици бизниси што во нивното име ја имаат придавката 'македонски', во суштина се незаштитени".

Лидерот на Нова демократија упати и остри критики до грчкиот премиер.

-Ципрас уште од прв момент, тоа беше јасно, дека сакаше да го реши ова прашање. Навистина не знам какви меници презеде дека ќе исплати и не знам како самиот верува дека може да има корист од една таква иницијатива, рече Мицотакис.

Тој го повтори неговиот став дека Ципрас се оддалечил од националната политика од изминатите децении за конкретното прашање и се согласил за работи за кои претходните премиери рекле „не".

-Идејата дека Грција и официјално ќе признава македонски јазик, дека ќе признава македонска националност, дека ќе признава македонски идентитет и сите елементи на овој културен курс на соседите што го сочинуваат овој македонски идентитет, посебниот македонски идентитет, барем како што тврдат и го бранат нашите соседи, беше идеја спротивна на цврстата надворешна политика на земјата веќе многу децении, објасни лидерот на Нова демократија.

Мицотакис упати критики и до пратениците кои гласаа за договорот. Рече дека нивниот глас го размениле, веројатно, за некое министерство или друга награда.

-Мислам дена не би можело да се замисли дека некои од личностите кои ги денес ги окупираат министерствата избраа да бидат со конкретниот став во Парламентот само затоа што одеднаш се согласија со ставовите на господинот Ципрас. Ова е реалноста. Имавме јасена размена во Парламентот во последниве месеци. Една размена за да помине Преспа, друга размена за да добие владата да добие доверба, рече лидерот на Нова демократија, пренесе МИА.

Мицотакис во неговото обраќање се потсети, како што рече, на минатиот мај или јуни, кога додека бил во неговата канцеларија му рекле дека премиерот сака да разговара со него и телефонски, Ципрас го прашал за неговото мислење за Илинден. Лидерот на Нова демократија рече дека веќе постоел договор за Илинденска Македонија.

Во обраќањата на Кирјакос Мицотакис и од Кожани и од Јанина, како што вчера објави МИА, акцентот беше ставен токму на Договорот од Преспа што всушност се најде и на почетокот на неговите говори. /МИА.

Стано: Очекуваме новата Влада на Србија да работи на стратешката цел за членство на земјата во

 ЕУ со нетрпение очекува да соработува со новата српска Влада и очекува таа да испорачува резултати во однос на стратешките цели на Србија, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Србија е земја кандидат за членство и го посочува пристапувањето во ЕУ како свој стратешки приоритет, па Европската Унија и земјите членки очекуваат тоа да го покаже и во пракса, нагласи Стано, запрашан за коментар за тоа што во новата српска Влада, како што беше посочено, се предложени двајца министри кои се наоѓаат на листата на лица кон кои ЕУ има воведено санкции.

Според Стано, Србија знае што се очекува од неа како земја кандидат за членство во ЕУ кога станува збор за исполнување на критериумите, особено за оние поврзани со надворешната политика и за усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Кога станува збор за конкретните лица, како што нагласи Стано, активностите и изјавите на предложениот вицепремиер Александар Вулин во минатото биле во спротивност со декларираните приоритети на Србија, кога станува збор за обврските поврзани со процесот на пристапување и односите со Русија.

- Членството во ЕУ е стратешки избор и очекуваме од Србија и нејзината Влада, независно во кој состав, да ја демонстрираат посветеноста на европскиот пат, во интерес на нејзиниот народ и на нејзиниот кредибилитет, бидејќи одлуката да се избере европската интеграција за стратешка цел беше донесена од српските власи. Затоа очекуваме од нив да испорачаат и секој член на Владата да работи на таа цел колку што може, додаде Стано. /МИА

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагога

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

„Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава. /МИА

притисни ентер