Мицотакис ги претстави кандидатите за европратеници

Меѓу нив и осудениот градоначалник на Химара.

Актуелни европратеници, новинари, професори, поранешни министри, но и градоначалникот на албанскиот град Химара, Фреди Белери, кој моментално е во затвор се меѓу 42-та кандидати за пратеници во Европскиот Парламент од редовите на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер и претседател на партијата Кирјакос Мицотакис вечерва ги претстави кандидатите на неговата партија за евроизборите на 9 јуни, за кои рече дека се од различни области, но и порача дека Нова демократија „спојува различни струи во големата лулка на демократска модернизација и прогресивен патриотизам“.

Истакна дека оние кои ќе бидат избрани на изборите ќе ја претставува земјата во следниот Европарламент што ќе треба да се справи со многу големи предизвици.

- Нова Демократија во овие големи предизвици треба да биде силна. Ние сме партијата на Европа, ние сме партијата која ја внесе Грција во Европа, ние сме партијата која ја задржа Грција во Европа и ние сме партијата која постојано, секој ден, ја приближува земјата до Европа, истакна Мицотакис.

На денешната манифестација, секој од кандидатите имаше една минута за да се претстави, а соопштувањето на името на градоначалникот на Химара, кој останува во затвор во Албанија, предизвика овации кај присутните.

На почетокот на март, Специјалниот суд против организиран криминал и корупција во Тирана, му изрече казна затвор од две години на Фреди Белери, кој беше уапсен два дена пред локалните избори во мај минатата година за „купување гласови“.

Белери е припадник на грчкото малцинство и беше избран за градоначалник на приморското гратче Химара, а целиот случај ги заостри односите меѓу Грција и Албанија. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

Пандов: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат

„Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ“

Мицкоски го доживувам како политичар од 21-от век и не сме оптеретени со национализам, што јас го нарекувам шовинизам. Пораките се дека Македонија треба да се врати во рацете на народот, Историски гледано ВМРО-ДПМНЕ и со ДПА и со ДУИ имало коректна коалиција, но ДУИ се повампири во времето на Заев и работите ги доживуваат низ признма на бизнис и пари и така ја гледаат државата. Не прифаќам дека нема нова понуда, Мицкоски има земено кај себе многу млади кадри и тие луѓе не се бирани за да дојдеме на власт и да ги фатиме фотењите. Идејата е Македонија повторно да биде горда, имаме во секое село Албански комитети, има бошњаци, роми, власи. Мораме да го причекаме 8 Мај да видиме што ќе каже семафорот, очекувам да добиеме 58-60 пратеника. Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ, веруваме на нивната желба тие да го променат ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат тоа значи дека историската комисија може да разговара, но тоа да не биде услов за отворање поглавја со ЕУ, рече Александар Пандов во Само Вистина.

притисни ентер