Мицкоски: Здравјето на граѓаните е поважно од било која друга политичка пресметка

Здравјето на граѓаните е поважно од било која друга политичка пресметка, да се издигнеме над партиските препукувања и да дејствуваме одговорно и државнички.

Во овие моменти, знам дека целата нација е оправдано загрижена. Македонија се соочува со сериозни предизвици по здравјето на граѓаните и економијата. Според потенцијалот на развој на оваа криза убеден сум дека во месециве кои што ни престојат следат најголемите предизвици за нас како општество и како држава од осамостојувањето до денес. А, ќе се согласите дека конкуренцијата на кризи кои ги поминавме овие 29 години не е така мала. Но денес имаме сериозна ситуација со огромен потенцијал за расплантувачка криза со несогледливи размери.

Европа секојдневно ги пресметува жртвите и починатите лица од корона вирусот. Во Италија имаме 3.590 нови случаи за еден ден. А, бројот на починати се зголеми за рекордни 368 во еден ден и сега изнесува 1.809. Вкупниот број на заболени во оваа земја е близу 25.000.

Германија одлучи времено да ги затвори границите. Во Србија и Словачка се прогласи вонредна состојба. Исто како и претходно во САД.

Се одложуваат важни спортски натпревари, културни збивнувања.

Имаме пандемија каде во прашање се човечки животи. Од за мене неразбирливи причини, а веројатно од политичка кусогледост Владата одбива прогласување на кризна состојба на целата територија на државата.

Регионот на Дебар и Жупа се под карантин. Исто како и дел од струшкиот крај. Но советите и очекувањата на докторите со кои сум во комуникација се дека вирусот корона ќе продолжи да се шири и својот зенит би го достигнал за од прилика еден месец.

И да бидеме на јасно, во оваа работа што порано се преземаат мерките, колку и тие да бидат ригорозни толку побрзо ќе се застане на патот на ширење на самиот вирус.

Она што можеме како партија да го направиме освен тоа што цел еден тим на доктори кои се дел од нашата комисија за здравство секојдневно помагаат на клиниките е конструктивно предлагање на мерки за надминување на самата криза. Дел од тие наши мерки Владата ги прифати, а воедно тоа го подржувам. А, дел кои се многу важни како прогласување на кризна состојба, бесплатно делење на маски, поддршка на бизнисот и други, се уште не се реализирани. Но се неопходни.

И во овој момент, посочувам дека ова не е битка за слава или било какви поени. И ги повикувам да прифатат и да спроведат за што ја имаат нашата поддршка. Но кога се мерките во прашање, тие се нужности во економијата. Од нашите стручни тимови добивам загрижувачки извештаи и прогнози за економијата. Отсуството на брзи мерки од Владата значи дека стопанството губи милиони евра и тоа дневна основа. Месец март ќе биде црн месец за бизнисот. За илјадниците фирми погодени од негативните трендови од кризата. Нашите проекции говорат дека само од делот на средствата за придонеси и плати во директно погодените дејности што треба да се исплатат за еден месец сумата изнесува околу 80-тина милиони евра. А, во моментот овие дејности немаат никаков приход. Данокот на додадена вредност која треба да се плати во овие дејности е најмалку 15-тина милиони евра за еден месец. А, овие субјекти немаат од каде да ги платат овие пари. 70-тина проценти од овие компании се мали претпријатија од еден до девет вработени. Овие компании без помош од државата се осудени на банкрот. Или вкупно во клучните два месеци очекуваме негативното влијание во економијата да изнесува цели 220 милиони евра. Или месечно по 110 милиони евра.

Почитувани,

Анализите на експертите од Харвард и другите универзитети објавени од голем дел од светските медиуми упатуваат на тоа дека корона вирусот е тест за слабите здравствени системи на Балканот. Сите препораки на релевантните домашните и светските организации се дека најдобар одговор во справување со вирусот е одбегнување на активности и задржување во домовите. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза во Република Македонија ќе треба да се одржат предвремените парламентарни избори.

Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта за корона вирусот. Замислете на ден на избори кога во една просторија каде има гласање на илјадници избирачи кои ќе заокружуваат со пенкало и ќе има личен контакт со членови на избирачкиот одбор.

Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата. И ова го велам од причина што сосема извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика. Но воедно одржување на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот.

Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес утрово побарав свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо.

Воедно сакам да ја информирам јавноста дека веќе остварив разговор со претседателот Пендаровски и лично го информирав за овој предлог, кој се согласи да свика лидерска средба во најкус можен рок. Треба да ги следиме препораките на стручните лица и анализите за справување со вирусот.

Додека нашите војници патролираат и ги чуваат градовите, додека полицијата секојдневно обезбедува мир, додека вистинските херои лекарите и медицинскиот персонал даваат надчовечки напори да спасат животи, ние не смееме да правиме политика над животите на луѓето, и апелирам ова да не се злоупотребува.

За ВМРО-ДПМНЕ предноста изразена во бројки значи убедлива победа, но секој живот вреди, и нема никаква шанса да си дозволам да се загрози здравјето на граѓаните, било тоа да се избори или било што друго. И ова значи поинаква и вистинска одговорност на политичарите кон државата и граѓаните и таква одговорност треба да очекуваат граѓаните по нашето преземање на одговорноста за водење на државата.

До тогаш сите сили, до последниот атом треба да се насочат кон пребродување на кризата и отворена помош и борба за здравјето на граѓаните.

Политиката треба да им служи на граѓаните. И јас би бил лицемерен постојано да говорам за морален кодекс, принципи и вредности а да го загрозиме здравјето на илјадници луѓе. Сега здравјето на граѓаните е поважно од било која друга политичка пресметка. Да се издигнеме над партиските препукувања и да дејствуваме одговорно и државнички затоа што секој живот вреди.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер