Мицкоски: Судот од Стразбур вели 14 пресуди за прекршени права на македонците, ние имаме „0“

„Бугарското малцинство кај нас ги ужива сите можни права“

Договореното е тоа што е потпишано, мене на памет не ми паѓа да давам гаранција дека ќе испорачам нешто за кое не сум сигурен. Бугарското малцинство кај нас ги ужива сите можни права, ако некој политичар вели дека им се загрозени правата за тоа треба да има докази. Судот од стразбур вели има 14 пресуди за прекршени права на македонците во бугарија, ние имаме „0“. Каде пишува дека треба да го промениме уставот, ако патот кон ЕУ е континуирано прифаќање на билатерални отстапки тоа е диктат и нема врска со европските вредности. Јас не верувам дека е исправно, не постојат аргументи, затоа велам, ајде да ги поминеме но амандманите да важат кога бугарскиот парламент ќе даде зелено светло. Или ќе правиме држава врз основа на нашиот национален интерес или да бидеме држава за потсмев. И ние не сакавме да го прифатиме преговорот од Преспа, еве ние направивме се што требаше сега вам ви е ред, уморни сме од уцени. Сигурен сум дека ќе направиме се од себе нашата држава да ја направиме добро место за живеење. Тој е билатерален договор и ако се злоупотребува може да го напуштиме. Да, направивме измени во историската комисија, зошто да соработуваме со луѓе во кои немаме доверба? Ние мораме да бидеме добри соседи, ако се напаѓаме за средниот век нема да излеземе од ова мочуриште, мора сега да ги решиме. Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува.Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи, изјави тој и додаде дека доколку Брисел сака Македонија да е во Европската унија, тогаш постои начин, рече премиерот Христијан Мицскоски во Само Интервју.

Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?!

Тони Базби, адвокатот  кои што ги застапува новите обвиненија од 120 точки со кои се соочува уапсениот рапер, контроверзниот  Шон Диди Комбс, ја шокираше јавноста.

Адвокатот на прес конференција изјави дека раперот на своите „жртви“ во пијалоците им истурал средство за смирување на коњи, по што ги злоставувал. Станува збор за ксилазин, кој бил „виден“ откако биле тестирани одреден број наводни жртви.

Оваа информација го шокирала и самиот адвокат.

- Неколку луѓе (кои јас ги претставувам) беа тестирани и лекот беше пронајден во нивните организми. За многу од откриените супстанци можеби никогаш не сте ни слушнале. Еден таков е, на пример, ксилазин. Според нашите (тимски) истражувања, се користи за смирување на коњите - коментира тој. Потоа адвокатот на прес конференцијата посебно се задржал на случајот со жена, тогаш дваесетгодишна, која била поканета на одредена хотелска забава на еден рапер.

- Таа се израдувала на повикот и заминала на забавата.Каде го добила својот пијалок и откако го испила веќе не се сеќавала на ништо. Состојбата и била толку лоша што завршила во болница. Во нејзиниот организам е пронајден кокаин, како и ксилазин - објасни адвокатот пренесуваат локалните медиуми.

Боба Живојиновиќ на распит во Обвинителство: Осомничен за измама при продажба на јахта

Легендата на светскиот тенис, сопруг на мегапопуларната пејачка Лепа Брена, Боба Живојиновиќ синоќа бил сослушан во врска со кривичната пријава поднесена против него и уште едно лице за измама, открива српски„Курир“.

Како што наведуваат, тој и Н.Р. се обвинети дека двапати продале ист брод и зеле по 300.000 евра, односно вкупно 600.000 евра.

- Живојиновиќ денеска со адвокатсам се пријави во Обвинителството, каде што беше сослушан од обвинителот, по што беше пуштен - вели извор на Курир запознаен со случајот.

Изворот додава дека попладнето бил одржан и распитот на второосомничениот, кој се товари за помагање во споменатото кривично дело.

Боба и Брена имаат јахта долга 30 метри, со шест спални соби, вредна дури 6.000.000 евра. Двојката која ужива да поминува време на неа и да плови низ Јадранското Море, реши да ја продаде. Таа се најде на веб-страница за изнајмување на луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната. Според сајтот, јахтата можете да ја изнајмите во вонсезона, односно од октомври до април, по нешто пониска цена, за околу 60.000 евра.

Вавринка со историско достигнување

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка испиша историја со тоа што стана најстариот играч кој победил на Мастерс 1000 меч откако го победи Французинот Џовани Мпечи-Перикард со 7-6 (2), 7-6 во првото коло на турнирот во Шангај. 

Дуелот траеше 1 час и 50 минути, а 39-годишниот ветеран покажа исклучителен дух и умешност на теренот.

Вавринка, кој е цели 18 години постар од противникот, спаси две сет-топки - едната во првиот, а другата во вториот сет, пред да ја обезбеди победата. Оваа победа е особено значајна бидејќи претходниот рекорд за најстар победник на Мастерс го држеше Хрватот Иво Карловиќ, кој на 40-годишна возраст го доби својот меч на Индијан Велс во 2019 година против Австралиецот Метју Ебден.

Овој успех беше прв за Вавринка во Шангај од 2016 година и прва победа на Мастерс 1000 во Синсинати од 2023 година. Со денешниот успех тој ја забележа и својата 100-та победа на Мастерс турнирите, со што стана само 12-тиот тенисер на кој тоа му успеало, со што бележи значајна пресвртница во кариерата.

притисни ентер