Мицкоски: Пендаровски 5 години не даде став, а вели осудувал криминал

После 6 и половина години порази, омаловажувања и срам кои ги трпеа граѓаните во Македонија  поради власта на ДУИ и СДС, редно е да ја ослободиме Македонија од овие пранги и да ја направиме и горда и твоја заедно со народот. 

Да ја вратиме Македонија повторно на народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово.

Мицкоски истакна дека денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбитритраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДС и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 и половина година и сите ние останатите сме граѓани од втор ред.

Затоа се создава чувство кај младите, кај граѓаните дека не е само економската причина зошто се напушта Македонија, туку и дека нема правда, бидејќи неправда има насекаде. Несигурност, немање перспектива бидејќи има граѓани од прв ред за кои ништо не важи и сите останати сме од втор ред, додаде Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека во минатото СДС продаваа лага за живот и дека ќе донесат едно општество за сите, а сега состојбата е што Фридом хаус, реномирана институција вели дека споредено со состојбата пред 6 и половина 7 години уназадуваме и според ниво на корупција и според ниво на демократија.

- Што значи дека слободата е помала, а грабежот на народот не е помал, а парите завршија кај неколкумина во нивните џебови. Тие така го замислуваат животот и општеството за сите. Редеа чевли пред влада и викаа дека се ќе сторат да ги вратат младите кои се иселија, но никој не дојде по своите чевли, но затоа 10 пати повеќе се иселија. Ниту ги вратија младите, и денеска имаме цикличен хибриден режим, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека СДС велеа ќе донесат европско здравство, во лажната кампања за референдумот, а во првите 5 држави во светот сме според смртноста за време на пандемијата.

- Тој кој беше најодговорен за здравствениот систем, министерот денеска редејќи сите тие неуспеси, необезбедувајќи основни услови одлучува повторно да се врати во политика и ја злоупотребува професијата лекар и народот, рече Мицкоски.

Мицкоски говорејќи за Стево Пендаровски истакна дека 5 години никаде го немаше, ниту со земјоделците, ниту со пензионерите, ниту со младите, но затоа ќе го слушнете како ја навредува професорката Силјановска Давкова или како ако не е претседател ќе се исели и како ќе каже дека Гоце Делчев е Бугарин.

- Тоа е Стево Пендаровски, човекот кој 5 години не даде став, 5 години анализираше и ќе го слушнете на митинзи како вели не правел криминал и го осудувал криминалот. Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе 5 години да ги спомене Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и дали за него се чесни политичари? Бидејќи нема никаков глас да ја каже нешто за нив кои ја практикуваат политиката по принципот „како до сега“.

Мицкоски посочи дека од една страна е Стево Пендаровски кој на граѓаните им вика дека не сака очи да им види ако не го гласаат, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, жена борец, сопруга, мајка која во парламентот покажа како треба да се брани македонскиот идентитет.

Секогаш е во врвот во првите тројца дискутанти во Собранието цени 4 години и не само во Парламентот, туку и како професор и експерт таа беше дел од Совет на Европа и Венецијанска комисија и реномирани институции каде и ден денес ја цитираат колеги во нивните научни трудови. А како професор студентите во неколку наврати ја бираа како најинспиративен професор. Затоа ве повикувам на масовна излезеност на 24 април, а потоа и на 8 мај, да ја направиме Македонија горда повторно и твоја, достоинствена, се наведува во партиското соопштение.

Ева Лонгрија се сели во Европа- се вљубила во шпански град уште пред 20 години

Актерката Ева Лонгорија привремено се сели во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго.

„Таа ќе помине многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за Page Six. Тој забележува дека преселбата не е трајна.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година.

„Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјавила актерката за време на интервјуто за Hello! во јануари 2024. „Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа. Куќата е многу пространа и сите членови на нивното семејство доаѓаат таму на одмор.

"Тоа е викендица и доаѓаат мајка ми, сестрите и нивните деца. И, се разбира, има голема кујна", објаснила актерката. Таа ја купила куќата по пет години потрага по совршено место за одмор за нејзиното семејство.

„Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“, вели таа. Куќата во Беверли Хилс ја продаваат. Ја спуштиле цената од 22,8 на 19,9 милиони долари.

Почина Марија, највисоката жена на светот- прогласена е тридневна жалост

Марија Фелисијана дос Сантос починала на 77-годишна возраст во Бразил, која на светот му станала позната по рекордната висина од 2,25 метри кога имала само 23 години.

Од 1960-тите, таа го доби прекарот „кралица на височината“.

Таа била примена во болница минатиот понеделник каде ѝ била дијагностицирана пневмонија и починала од компликации на срцето.

Марија е родена во Ампаро во Сан Франциско и го поминала животот во различни циркуси каде настапувала и ги воодушевувала луѓето со својот изглед.

Во мај 2022 година, статуа била посветена на Марија на влезот во Museu de Gente Sergipana.

Сантос многу години се сметала за највисоката жена во Бразил и во светот, пред да почне да се намалува како што стареела.

По нејзината ненадејна смрт, градоначалникот на Аракаху Едвалдо Ногеира прогласил тридневна жалост и ѝ оддаде почит на поранешната кошаркарка и пејачка.

Хаос во автосалон: Кинески електричен автомобил „ги збриша“ посетителите (ВИДЕО)

Екстремно непријатна ситуација за кинески производител.

Како по правило, со напредокот на технологијата, се подобрува и безбедноста на учесниците во сообраќајот, но понекогаш класичните решенија изгледаат далеку подобри. Најдобар пример за ова е системот за палење без клуч, кој понекогаш може да резултира со опасна ситуација.

Додадете на тоа екстремно агилен и тивок електричен погон и маса луѓе, а несреќата е само прашање на време. Токму тоа се случило на меѓународната изложба на возила со нова енергија во Нанџинг.

На настанот што се одржал минатиот месец, Zeekr го изложиле автомобилот Extreme Krypton X, кој поради непочитување на безбедносните правила во еден момент почнал неконтролирано да се движи. За време на несреќата повредени се пет посетители, меѓу кои и едно дете, а сите се хоспитализирани.

Според последните информации, до несреќата дошло бидејќи автомобилот не бил деактивиран во таканаречениот Exhibition mode. Бидејќи клучот бил доволно блиску до автомобилот, еден од посетителите случајно го активирал возењето и го придвижил автомобилот напред, удирајќи во неколку посетители и два автомобили.

Претставниците на производителот ја презедоа одговорноста и преку официјални канали се извинија, нагласувајќи дека во иднина ќе бидат повнимателни при изложување на автомобилите.

притисни ентер