Мицкоски од Вељуса: Минуваат 10 месеци на понижувања, урнисување на претходно изграденото

Поминаа 10 месеци на понижувања, омаловажувања урнисување на сето она што било создавано, рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во Вељуса.

Урнисување на се што е изградено не само во оние 11 години додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, туку на сето она што се создавало 27 години, па и на 45 претходно па и векови наназад. Имаме за жал, власт па и човек за жал од овој крај што нема ни малку чувство за она што се вели нација, Македонија и сето она што е поврзано со нашиот народ и нашата држава се труди да го урниса со своите постапки.

Ветуваа 5% раст намалување на невработеноста ветуваа перспектива за младите, ветуваа дека оние пола милион луѓе што ја напуштиле својата татковина ќе ги вратат веднаш кога ќе дојдат на власт, ветуваа брзи странски инвестиции, ветуваа живот. Но за жал ниту живот видовме ниту подобар живот дојде. Видовме само осиромашување и катастрофа. Македонија е цврсто закована на дното по растот на БДП од 0%. Нема држава на Балканот вклучувајќи ги Албанија, Косово, Грција, Србија, Бугарија, нема држава во регионот со 0% раст на економијата како нашата. Нема држава во регионот која што има 100 милиони евра странски инвестиции помалку споредно со 2016-тата година.

Имаме една катастрофа што ни се случува. Имаме поништување на развојни постапки кои што претходните им го оставиле. Имаме стопирање на градежниот сектор за 30% помалку од тоа што било порано. Имаме 30% помало индустриско производство од она што било помалку од претходното. Имаме катастрофа во економијата што ни се случува. Ниту платите ги покачија до 30 илјади денари, ниту пак докторите имаат 100 илјади денари месечно, ниту пензионерите добија 10% повисоки пензии како што ветуваа, а ниту земјоделците добија повисоки субвенции од она што го ветуваа. Ниту животот дојде, ниту реформите се случија во здравството, ниту во образованието ниту пак имаат намера тоа да го прават, рече Мицкоски.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

Најстудено утрово во Лазарополе

 Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.

Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

притисни ентер