Мицкоски: Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава не треба да биде предмет за било какви преговори

Гоце Делчев беше човек кој што обединуваше кој што имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. 

Денеска сме овдека да одбележиме практично 117 годишнината од херојската смрт на македонскиот деец Гоце Делчев, човекот којшто обединуваше, човекот којшто загина за независна и суверена македонска држава, човекот кој што практично е Македонија и човекот на кого се темели современата македонска држава.

Гоце Делчев беше човек кој што обединуваше кој што имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Она кое што сакам денеска од овде како порака да го упатам е тоа дека Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и Гоце Делчев е Македонија и Гоце Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори и разговори.

Ќе се обидам да ги игнорирам провокациите кои што доаѓаат, за жал сега и кои што се поистоветуваат во предизборието. Ние не сме како некои наши соседи, имињата на нашите дејци кои што крвареле и животот го положиле за оваа држава да ги злоупотребиме во предизборна кампања, напротив, ние се гордееме, сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Тие коишто се закопани во минатото, нека останат таму во минатото на делби и поделби, ние сме тука да шириме енергија која што ќе обединува не само во Македонија, туку и пошироко ќе ги обединува сите балкански народи. Слава му.

Прашање: Господине Мицкоски власта и не крие веќе дека планира брзи избори, какви ќе бидат чекорите на ВМРО-ДПМНЕ, се споменува и иницијатива пред Уставниот суд за вражање на пратениците во Собранието, дали ќе се вратите во Собранието со пратеничката група и како ги коментирате најавите на Заев еве од утрово дека нема проблем да има избори веднаш кога ќе заврши вонредната состојба и криза, процесот да почне?

Одговор: Најпрвин дозволете ми да ви одговорам, задоволен сум што конечно и Заев признава дека не сме сите исти. Има политичари кои што власта не им е приоритет, туку приоритет им е здравјето на граѓаните и има политичари кои што сакаат да го ублажат поразот на следните парламентарни избори кога и да се случат и не водат сметка за здравјето на граѓаните, за економијата и сета онаа криза која што владее во државава и која што е резултат на вирусот КОВИД -19, кој што се случи и кај нас, не останавме надвор од она што се случуваше во светот.

Јас во неколку наврати во минатото кажав и еве ќе го повторам тоа и денес, дека во првите три приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не се избори. Прв приоритет е како конечно оваа пандемија да остане позади нас целосно, втор приоритет е да ја застанеме на нозе економијата бидејќи таа живот значи и третата работа е да ја вратиме самодовербата помеѓу македонските граѓани, бидејќи таа е изгубена, сето ова влијаеше врз самото чувство кај граѓаните и тоа е наш приоритет кој што сакаме да го вратиме.

Сите ние и вие знаме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да се случат тие избори, но ниту јас сакам бидам мандатар, а ниту ВМРО-ДПМНЕ да биде мандатар, а истовремено да ги брои илјадниците заболени од вирусот и десетиците кои ќе ги изгубат своите животи. Избори ќе се случат тогаш кога ќе има услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на тие избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада која ќе ги санира сите последици кои што се резултат на оваа пандемија која што завладеа и тоа не треба да се грижат граѓаните.

Сосема на крај да сумирам, јас сум навистина задоволен што конечно и самиот Заев потврди дека на македонската политичка сцена не се сите исти, и те како сме различни. Има такви на кои што фотелјата им е пред се, има такви на кои што здравјето и животот на граѓаните им е пред се.

За иницијативата пред Уставниот суд колку што имам јас информација во минатото имаше поднесено една таква иницијатива која што требаше да ја оценува уставноста на распуштање на пратениците, тогаш уставниот суд ја отфрли како неоснована, слична некоја таква иницијатива претпоставувам ќе се најде на дневен ред сега или воопшто нема да се најде на дневен ред во среда. Да почекаме Уставниот суд да се произнесе и дури потоа ние како политичари ќе ја коментираме од наше гледиште одлуката која што ќе ја донесат уставните судии.

Прашање: Заев денес рече дека кризата предизвикана од Ковид 19 не е единствената причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака избори, туку дека вие ќе изгубите бидејќи рејтингот не е добар за вашата партија?

Одговор: Јас не би ги коментирал рејтинзите. Тоа што господинот Заев го чита како бројки претпоставувам дека и врз основа на тоа носи определени заклучоци. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сме убедени во убедлива победа на следните парламентарни избори кога и да се случат, така што еве изјавата на Зоран Заев ја сметам како негов момент на слабост, храбрење во рамките на раслоената сопствената партија, раслоеното партиско ткиво. Но, и тоа е легитимно да се бори да создаде некаква привидна артифицијална кохезија внатре во самата негова партија, она што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го кажеме е дека и вие и сите ние знаеме кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, господинот Зоран Заев нека ги коментира бројките. Се сеќавате во минатото често пати коментираше бројки и за референдумот и за претседателските избори, но за жал бројките подоцна во реалноста го демантираа. Така ќе биде и овој пат и ќе доживее голем пораз. Но, повторно ќе кажам, ниту мене лично, ниту на ВМРО-ДПМНЕ не ни треба власт по цена на човечки животи. Прво да ги санираме последиците кои што се резултат на оваа пандемија и разумно е потоа да одиме на избори каде што СДСМ ќе загуби.

Прашање: Како мислите да се продолжува вонредната состојба ако нем избори?

Одговор: Очекувам дека помеѓу 10 и 12 мај како што најави претседателот Пендаровски ќе имаме лидерска средба и малку повеќе околу тие детали ќе зборуваме на самата лидерска средба. Навистина жалам што вториот пат кога се продолжи вонредната состојба како ВМРО-ДПМНЕ не бевме консултирани. Навистина жалам што тогаш претседателот ја испушти можноста да каже дека е претседател на сите граѓани, а не да ги подели на тие кои што се од владејачката коалиција и ние кои што сме од опозицијата. Овој пат врз основа на тоа што го рефлектира во јавноста нема да ја повтори истата грешка и на таа лидерска средба помеѓу 10 и 12 мај, чекаме да ни кажат кој термин, ќе зборуваме малку поотворено за сите оние теми кои што живот значат, а тоа се пред се справување конечно со вирусот Ковид 19, економското заживување на државата, да ја коментираме резолуцијата која што предизборно злоупотребувајќи ги тогаш локалните избори Бугарскиот парламент ја донесе, па дури потоа можеби како четврт или некој подолен приоритет може да зборуваме како понатаму до следните парламентарни избори и се надевам дека потоа ќе следи еден состанок на експертите како што тоа беше првиот пат да најдат начин како што тоа беше првиот пат како понатаму да продолжиме да функционираме врз основа на тој политички договор а во согласност со Уставот и законите на Македонија.

Прашање: Има ли правнички можности, консултирав те ли некој?

Одговор: Па врз основа на тие консултации јас кои што ги вршев изминатиот период, да има.

Прашање: Господине Мицкоски какво лето ќе не очекува од аспект на економијата, ликвидност на Буџетот, постои ли опасност да не можат да се исплатат плати, пензии со оглед на тоа што се зборува за сериозен пад на БДП и сериозен недостаток на средства во државната каса бидејќи не работи економијата не собира данок?

Одговор: Тоа е вториот момент, лицемерието кое што владее кај Зоран Заев е огромно и не само кај Зоран Заев туку кај неколкумина кои што останаа се уште негови слепи послушници, избори по секоја цена а како ќе излеземе ние на тие избори кога не ги знаеме ефектите од економијата односно економската криза како резултат на Ковид 19. Со кои проекти и со кои програми ние ќе излеземе пред граѓаните, што ќе ветуваме или за нив ветувањето и зборот тежи колку ланскиот снег? Ние сме политичка партија која што кога ќе вети сакат тоа и да го испорача, а за да вети мораме да имаме вистински бројки со какви последици ќе се соочи македонската економија. Еве јас ќе коментирам сега во мај нешто што се случи во март. Вие имате индустриско производство во март кое што е паднато некаде околу 14 проценти, имате број на вработени во индустријата која што е за 4 ипол проценти помал во март 2020 година споредено со март 2019 година. Денеска добив информации дека Управата за јавни приходи која што генерално го полни 70тина проценти Буџетот на државата има некаде за околу 55 милиони евра помалку собрано пари во април од тоа што го планирала, или да бидам попрецизен планирала околу 8 милијарди и 900 денари а собрала околу 5 милијарди и 600 денари, 3,3 милијарди денари помалку собрала или од почетокот на годината до денеска собрала за 105 милиони евра помалку, планирале околу 31 милијарда, а собрале некаде околу 24 и 700.

Врз основа на кои параметри ние ќе го планираме растот на Македонија, односно врз кои параметри ќе ги планираме идните капитални инвестиции, поддршката за цивилниот сектор, поддршката за здравствените работници, поддршката за образовните работници, поддршката за администрацијата, поддршката за бизнис секторот, за пензионерите, за младите и останатите. Мора да имаме вистинска навигација, ако ние сега во мај зборуваме за март, тогаш логично е во јуни да зборуваме за мај или за јуни, затоа велам мораме да имаме принципи и врз основа на принципи треба политички да функционираме. Не е прашањето дали на избори ќе излеземе со маска или со ракавици, прашањето е дали можеме некој човечки живот повеќе да спасиме ако тие избори се случат некој месец подоцна и прашањето е кога ќе излеземе пред граѓаните, што ќе ветуваме, да знаеме тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го испорачаме. Знам дека на нашиот политички противник ветувањата не му се добра страна, но за разлика од нив јас сакам да продолжам во животот и после политиката, тоа што го оставиме сега како трага во политиката, треба да не прати низ целиот наш живот, а не да веднеме глава кога ќе се среќаваме со граѓаните по улица.

Прашање: Господине Мицкоски дали е точно тврдењето на вашиот прв лидер Ѓеорѓиевски дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ биле објавени 70 книги во кои Македонците биле пишани како Бугари и зошто во текот на владеењето ВМРО никогаш не се обиде да ја исправи онаа одредба за македонскиот јазик во договорите со Бугарија да не биде третиран како уставен?

Одговор: Тоа што го збори господинот Ѓеоргиевски, рефлектира некое време кога претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вториот претседател на ВМРО бил господинот Груевски, кога тој бил претседател на владата на Република Македонија и тогаш имало определени книги на коишто тој се повикува и прикажува дека било содржано она што го кажува. И едниот и другиот треба да ви дадат одговор на ова ваше прашање, а мојот одговор поврзан со со историските факти го дадов во воведот на денешното обраќање. За мене нема дилема за историските факти и врз основа на таа историја околу која се темели оваа држава ние иднина, иднина којашто сите нас ќе не обединува, а нема кај нас да гради чувство на граѓани од втор ред. Доколку имал таква дилема господинот Ѓеорѓиевски, треба одговор на вашето прашање да ви даде господинот Груевски.

Прашање: Зошто партијата не се обиде да ја исправи таа категорија уставна јазикот да биде третиран како уставна категорија и бидејќи не сакате да одговарате за вашите претходници, доколку утре вие би преговарале со Бугарија како би настапиле?

Одговор: Преговорите се двонасочна улица и доколку вие дома си ја завршите домашната задача од аспект на реформи, кога нема да ви се случува ниту „Сваровски“, ниту „Луј Витон“, или пак „Трас – Трас“ судството, кога нема да функционирате по принципот „евро за батето“, кога ќе имате навистина реформи каде што никој нема да ви забележи ништо во текот на преговарачкиот процес, верувајте и самата Европска унија ќе ги осуди овие максималистички и би рекол нездрави барања од страна нашиот источен сосед. Доколку вие барате да се повлечете, а сте помеѓу 4ка и 5ка и кога учител се двоуми или има дилема дали да добиете 4ка или 5ка, тогаш ќе барате на мала врата да се провлекувате. Јас сум политичар и човек којшто сака домашната задача да си сработи стопроцентно, за да немаме политичари коишто импровизираат и коишто ќе не тераат да ја подведуваме кичмата и да се повлекуваме од нивните максималистички барања. Но, истовремено мора да знаеме дека овие три години ги одбележа политичар кој не само што е преговараше на македонските национални интереси, не само што не ги заштити македонските национални интереси, туку функционираше на три столба. Првиот столб беше да ја поткупи јавноста за да заборави јавноста на сите грешки кои што ги направи. Втората работа е да ги злоупотреби „Луј Витон“ обвинителството и „Трас-Трас“ судството за закани, уцени и притисоци. И третата работа е грабеж. Доколку ние имаме политичари во државата коишто нема да функционираат на овие три столба, туку ќе функционираат на квалитет, чесност, честитост и работливост, тогаш верувајте никој ќе не може да ни го оспори она што природно ни припаѓа. Ние сме дел од оваа Европа и припаѓаме таму и по пат на култура и по пат на цивилизација и по пат на вредности. Затоа ајде ние дома да си ја напишеме задачата, да се европеизираме, да ги нема овие принципи коишто ги кажав, па дури потоа да зборуваме како ние би преговарале.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Патот под нозе и право на шетање! – Идеално растојание за да си ја вратите формата!

Едноставни здрави навики кои може да го променат нашето здравје.

Иако многумина мислат дека салите за вежбање и трчањето се начин да се добие добра форма, витка линија и генерално, добро здравје, факт е дека пешачењето носи многу придобивки. Ова е еден од најпристапните начини за вежбање, а малкумина се свесни за неговото влијание не само врз согорување на калориите, туку и за неговиот позитивен ефект врз физичко и ментално здравје.

Прошетката го „чисти“ мозокот

Пешачењето честопати е во сенка на интензивните активности, но сепак тоа е еден од најефикасните начини да го подобрите целокупното здравје. Покрај тоа што го разбиструва умот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и помага во регулирање на тежината.

Колку пешачење е потребно дневно?

Не постои совршено растојание кое може да се помине за еден ден. Не постои универзален стандард кој важи за секого подеднакво, бидејќи пешачењето треба да биде прилагодено според здравствената состојба на лицето и целта што сака да ја постигне. Затоа, треба да се земе предвид следново:

- Луѓето со вишок килограми согоруваат повеќе калории на поминат километар бидејќи тежината влијае на тоа колку треба да пешачите.

- Ако сте почетник, почнете постепено со прифатливо темпо и растојание, а потоа постепено зголемувајте го растојанието и темпото.

- Поставете си јасни цели, односно, остварливи. Ако целта ви е да изгубите одредени килограми, тоа ќе бара подолги прошетки.

- Усогласувањето на пешачењето со урамнотежената исхрана е клучно. Тоа може да го забрза вашиот напредок кон целта.

Идеално растојание за пешачење

Иако барањата варираат од личност до личност, некои општи упатства сугерираат дека поминувањето 10.000 чекори дневно е оптимално, што е околу 7-8 километри, при што се согоруваат 300 до 400 калории, што е еднакво на половина килограм губење на тежината неделно, доколку имате балансирана исхрана.

Како да се случи тоа?

Во денешниот брз начин на живот, мисловна именка е да поминете толку километри ако сте зафатени со работа, ако работите седејќи и користите превоз до работа, до град и слично. Еве неколку упатства како да го интегрирате пешачењето во вашиот динамичен живот:

- Поделете ги вашите прошетки - прифатливо е во текот на денот да имате пократки, а почести прошетки, на пример, утрински, попладневни и вечерни.

- Транспортот заменете го со пешачење - најидеално е, доколку е изводливо, да пешачите до работа наместо да возите или да користите јавен превоз.

- Користете ги скалите - иако многумина ќе ги превртуваат очите на овој предлог, факт е дека лифтовите иако ни го олеснуваат патот до станот, не се добри за нашето здравје.

- Наместо во кафуле, одете на прошетка – наместо секогаш да седите во кафуле, може да пешачите со пријателите, тоа секако ќе има позитивно влијание на вашето физичко здравје.

„Откако се разведов завршив како бездомник и едвај имав за храна“! (видео)

Сиот свој живот го посветила на сопругот и децата...

„Никогаш немојте финансиски да зависите од сопругот“ – порача Џени Гејџ во својата потресна исповед.

Во последно време на социјалните мрежи се популаризира претераната посветеност на жената кон својот сопруг и децата. Гледајќи ги сите тие објави, се добива впечаток дека животот на една домаќинка е гламурозен, домот им блеска, децата се беспрекорно чисти, а сопругот финансиски обезбедува сè што е потребно. Сепак, сето ова најчесто е само илузија која всушност нема многу врска со реалниот живот на домаќинките.

Ултиматум после свадбата

Како што изјавила Џени Гејџ (49) за „Бизнис инсајдер“ сиот свој живот го посветила на сопругот и децата. Таа пораснала во Аризона во конзервативно мормонско семејство, каде уште од мала ја учеле дека жените остануваат дома, додека мажите работат, носат пари и финансиски се грижат за семејството.

- Кога бев дете, мојот живот се состоеше од топол леб од рерна со домашен путер, и мајка ми која ни ја шиеше облеката. По училиштето, таа ќе нѐ натовареше во караванот и нѐ носеше на излети покрај езерото. Тоа ми беше најубав период, но и најлош. Во моето семејство немаше вработени жени. Повеќето жени се мажеа на возраст од 18 до 20 години и од тој момент стануваа само мајки, домаќинки и сопруги - се присетила Џени.

Таа имала 17 години кога се запишала на мормонски колеџ со желба да стане адвокат за меѓународна трговија. Меѓутоа, ѝ било јасно дека попрво ќе стане мајка и жена, и дека тоа е нејзината божествена цел.

На факултетот Џени го запознала нејзиниот сопруг Џејк, со кого се омажила после 11 состаноци.

- Штом се венчавме, Џејк ми постави ултиматум: „Ако сакаш да останеш во брак со мене, тогаш нема да одиш на факултет. Ако сакаш да одиш на факултет, тогаш можеме да се разведеме и да си продолжиш со својот живот“. Се сеќавам дека си помислив оти ќе ме снајде пекол ако се разведам, па решив да останам во брак – додала таа.

Првиот син го родила на 23 години, и покрај обврските околу бебето и домаќинството, му помогнала на сопругот да развие бизнис со шофершајбни. Остроумната и паметна, Џени од ништо успеала да развие одличен бизнис, но целата заслуга му припаднала на нејзиниот сопруг.

Се сеќавам дека свештеникот од нашата црква ми кажа дека во семејниот проглас јасно е утврдена нашата божествена улога да бидеме мајки. Веќе следната недела престанав да работам, па дури и кога му помагав на сопругот во други работи, за тоа не добивав никакви пари - рекла Џени.

Се грижела за сопругот и петте деца

Таа родила пет деца, се грижела за потребите на сопругот, чистела и готвела.

- Имавме убави работи, но се чувствував мизерно. Сè беше домашно... Моите деца дури и не знаеја што е леб купен од продавница. Нивниот живот беше магичен, а мојот како да живеам во златен кафез - се присетила таа.

Во првите две години од бракот имала заедничка сметка со сопругот, но тој искористил една расправија и отворил своја, до која Џени немала пристап. Парите за домашните работи ѝ ги давал во коверт, таа целосно била зависна од сопругот.

Џени не крие како со текот на годините се „гушела“ и се чувствувала заробено. За да го задржи сопругот се грижела да не се здебели.

- Се разболев во 2011 година, кога ми беше дијагностициран тумор на цревата. За среќа, тоа беше бенигно, па не морав да одам на хемотерапија. Во тие моменти мојот сопруг стана неподнослив, но не можев да го оставам бидејќи ми беше потребен да се грижи за децата и за мене. Немав пари, немав здравствено осигурување, а без него не ќе можев да си дозволам лекарски прегледи – низ солзи раскажала Џени.

А потоа, во 2017 година дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

- Како домаќинка дојдов до моментот кога станав свесна колку физички, финансиски и емоционално сум вложила во животот со мојот сопруг. Не го оставив, бидејќи знаев дека без него немам дом, немам каде да спијам, немам ништо – низ солзи раскажала оваа напатена жена.

Бездомничка по разводот

Меѓутоа, набргу сфатила дека жената со која ја изневерувал сопругот е само една од низата негови неверства, па решила да се разведе.

- Нашиот брак заврши во 2019 година, а јас сè уште се обидувам да продолжам со животот. Срамот од разводот падна на моите плеќи, иако тој ме изневеруваше. Живеев како бездомник додека се разведувавме. Морав со децата да се преселам во напуштената гостинска куќа на вујко ми. Тоа беше голем повик за будење! Морав да научам како да промена светилка, како да отворам банкарска сметка. Сè уште не сум финансиски стабилна, имам заштеда од 400 долари, храна купував со купони три и пол години – додала Џени.

После 24 години брак и сè што вложила во семејството, завршила на улица без ништо.

- Денеска работам разни работи седум дена во неделата, но не се жалам. Имам помалку пари од кога било во мојот живот, но сум посреќна од кога било досега, затоа што повеќе не зависам од мојот сопруг. На жените би им порачала никогаш да не се потпираат на никого освен на себеси и никогаш, ама баш никогаш да не зависат финансиски од своите сопрузи – изјавила Џени Гејџ на крајот од својата шокантна исповед.

@lifetaketwo I wish Mormon Jennie had known. #exmo #mormon #exjw #christian #atheist #church #utah #lds #bookofmormon #religion #cult ♬ vlog type beat - Fleeky

@lifetaketwo #divorce #abuse #cheating #adultery #domesticviolence #mormon ♬ original sound - Jennie

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

притисни ентер