Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера, ве снајде народ

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина. 

Народот не сака да биде под јаремот на 100тина души од ДУИ со држава дадена на услуга на Али Ахмети, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Струга во рамки на претседателските и парламентарни избори.

Мицкоски порача дека народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.

Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Им доаѓа крајот, цунамито се крена, а потресот го направивте вие народот на Македонија и ви благодарам за тоа, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски им порача на СДСМ и Ковачевски да не се чудат што ги снашло, односно како што рече тој нека не се чудат јас ќе им одговорам, ги снашол народ.

Нека не се чудат што ги снашло. Јас ќе им дадам одговор. Ги снашол народ, порача Мицкоски.

Мицкоски додаде дека вчерашниот резултат е одговор за предавствата, аферите, криминалот и понижувањата на Македонија и граѓаните од владата на СДСМ и ДУИ.

Изборите вчера беа одговор за тоа што ја одземаа контролата на државата затоа што донесоа предавства понижувања и криминал. Затоа што направија 600.000 луѓе да живеат само со 150 денари на ден, 80.000 ги оставија во тешка сиромаштија. Направија да сме на врвот во Европа по инфлација и криминал, тешко се живее. Тоа оди се на контото на Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски, рече тој и додаде:

Што се не се случи овие години, рекети, скандали, афери, Соравии, запалени болници, превртени автобуси, крах при ковид кризата, печалење од болните на Онкологија, за кој нема одговорност. Сето тоа е начинот на кој владее оваа власт. Одговорот стигна вчера. Дупла победа во Струга против Стево Пендаровски и СДСМ.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план и програма Платформа 1198 со која ќе ја трансформира Македонија напред и вели дека работата се уште не е завршена, односно дека финалето следува на 8 мај каде што граѓаните ќе треба да дадат црвен картон на владата.

Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добија црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим.

Канал 5 во манастриот Богородица Елеуса познат по крстот на бесконечноста

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. 

Што е бесконечноста во нашата религија?

Воскресението и Христос

Христовото воскресение е суштината на христијанството, без него верата ќе беше празна, раскажува отец Стоил Димитриев во вековниот манастир Пресевета Богородица Елеуса или Милостлива во струмичко Вељуса раскажуваше за воскресението и за неговата верба во него.

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. Изграден во 11 век во времето на визнатиската империја бил омилен на тогашниот Алексиј Комин го ослободил од плаќање на данок. Неговиот симбол е познатиот вељушки крст или крстот на бесконечноста што е вграден со тули во самиот манастир.

На влезот од манастирот ве пречекуваат оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот, кои и покрај многуте несреќи и пожари сведочат спокојно дека тие се уште се во манастирот цели 1000 години. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години. Отец Димитриев раскажува дека во денешното брзо време луѓето матријално имаат се, ама духовната храна ја немаат за неа се гладни. Пред нив но не ја гледаат. Денешницата бара инстант решенија, во црквата нема брзи решенија.

Во манастирот има монахињи, тие во секоја нивна активност ја кажуваат исусовата молитва затоа тука се е убаво и спокојно, раскажува отецот. Тие во нивната продавница имаат чаеви, сапуни. А секој посетител за вековната убавина на вељушкиот манастир монахињите со благослов ќе раскаже за симболите на манастирот и религијата.

притисни ентер