МИА - Ларис Гајсер го користи случајот „Рекет" за напади врз Могерини

Могерини е членка на италијанската левоцентристичка Демократската партија (ПД), која е главен ривал на десничарската националистичка партија Лига на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, чиј голем поддржувач е Гајсер.

Италијанскиот новинар со словенечко потекло Ларис Гајсер, кој за пошироката македонска јавност стана познат со објавувањето на снимените разговори за случајот „Рекет", денеска на интернет изданието на весникот „Ла Верита" објави видео колумна во која главна цел на напади се Европската унија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Федерика Могерини.

Гајсер во колумната прашува зошто Брисел молчи за случајот во земјава со објавените снимки од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан „Орце" Камчев, нагласувајќи дека се чуди како нема реакција од Могерини и актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои според него, „силно инсистирале за специјалната обвинителка".

Изразувајќи убеденост дека „се уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите", Гајсер прашува „како Федерика Могерини може да молчи пред криминалната реалност".

Инаку, Могерини е членка на италијанската левоцентристичка Демократската партија (ПД), која е главен ривал на десничарската националистичка партија Лига на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, чиј голем поддржувач е Гајсер.

Могерини, која беше пратеник во Долниот дом на Парламентот на Италија од 2008 до 2014 година и италијански министер за надворешни работи од февруари до октомври 2014 година, уште во март годинава во изјава за Франс 24 најави дека нема намера да бара реизбор на сегашната функција и по истекот на мандатот како шефица на европската дипломатија најверојатно ќе се врати во италијанската внатрешна политика и со тоа би била една од водечките фигури на демократите и опонент на Салвини.

Нновинарот Ларис Гајсер е познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница, како и со претставници на ВМРО ДПМНЕ, додека весникот „Ла Верита" во изминатите неколку години важи за медиум близок до сегашната опозиција во земјава. /МИА

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

притисни ентер