МФ утре ќе исплати 166,4 милиони евра по основ на стари доспеани долгови

Министерството за финансии информира дека утре ќе врати 166,4 милиони евра по основ доспеани долгови и тоа 155 милиони евра за втората рата на ПБГ заемот земен 2013 година и 700 милиони денари по основ издадени државни хартии од вредност.

Годинава, како што стои во соопштението, треба да се отплатат стари долгови во износ од 702,7 милиони евра, од кои кон надвор, односно надворешен долг – 437,8 милиони евра и домашен долг од 264,9 милиони евра.

-Покрај ПБГ заемот, во декември треба да се отплати останатиот дел од еврообврзницата од 2015 година во износ од 180 милиони евра со каматна стапка од 4,9 отсто. Вкупната вредност на еврообврзницата издадена во 2015 година е 270 милиони евра, од кои во 2018 година со издавањето на еврообврзницата со најниска камата досега од 2,75 отсто, беа рефинансирани 92 милиони евра од еврообврзницата од 2015 или првпат беше предвреме отплатена која било од еврообврзниците и воедно намален товарот за отплата во 2020 година, стои во соопштението.

Од Министерството за финансии наведуваат дека јавниот долг е стабилизиран. Ако во 2016 година тој изнесувал 48,8 отсто, согласно последната состојба, јавниот долг изнесува 47,7 отсто и тоа со вклучен негарантиран долг (околу 0,3 п.п), кој порано не бил вкалкулиран. Стабилизацијата на јавниот долг се должи на прудентна политика која ги таргетира компонентите кои го креираат долгот: буџетскиот дефицит – преку постепена консолидација и сервисирањето на старите долгови – по каматни стапки пониски од порано и повисока рочност. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

притисни ентер