Метро во Брисел ја емитуваше француската фудбалска химна

Корисниците на метро во Брисел изутринава на патот до работа морале да ја слушаат француската фудбалска химна после болниот пораз на Белгија во полуфиналето на Светското првенство.

Причината не е само поразот на репрезентацијата на Белгија од Франција со резултатот 0-1, туку и облогот кој го изгуби претпријатието за јавен сообраќај во Брисел од своите колеги во Париз.

Двете компании пред натпреварот се обложиле преку социјалните мрежи – доколку победи Белгија, Франција ќе ги промени ознаките на станицата „Сен Лазар“ во „Сен Азар“ во чест на капитенот на белгискиот тим Еден Азар.

Меѓутоа, после синоќешниот натпревар во Санкт Петербург, Брисел морал да ги “почести“ патниците во метрото со емитувањето на навивачката песна “Сите заедно“ на покојниот француски рокер Џони Холидеј во 8 и 10 часот.

Оваа песна е усвоена како француската фудбалска химна во текот на Светското првенство во Русија.

Белгија му оддаде почест на Холидеј кога умре минатата година со емитување на неговите најголеми хитови преку звучниците на Големиот плоштад во центарот на Брисел. Неговиот татко бил Белгиец.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, вечерва Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска -Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ. 

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои? Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните? Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот? Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај? Вечерва во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

притисни ентер