Металург си го трасираше патот кон четвртфиналето

Македонскиот ракометен шампион Металург е на прагот на најголемиот клупски успех во својата историја - пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако доцна попладнево забележа победа на гостувањето во Минск против Динамо со 26:23.

Металург ја имаше контролата на играта и на резултатот од самиот почеток и не му дозволи на противникот да го загрози водството иако во еден период од второто полувреме играше и со тројца ракометари помалку.
Предводници во победата на нашата екипа беа Наумче Мојсовски со девет голови и Младен Ракчевиќ со седум реализации. Дарко Станиќ забележа 10 одбрани, додека Никола Митрески имаше четири успешни интервенции (еден седмерец).
Реваншот ќе се одигра на 23 март во Скопје во веќе распродадениот „СЦ Борис Трајковски“.
Покрај овој натпревар денеска се одигра и дуелот Чеховски Медведи – Кил 37:35.
Другите осминафинални двојки од осминафиналната фаза од Лигата на шампионите се: Цеље – Хамбург (сабота), Силкеборг – Барселона, Адемар – Веспрем, ПИК Сегед – Киелце (судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија), Атлетико Мадрид – Берлин и Горење – Флензбург (недела).



„Гответе со Дракче“ - Баци пинџур

Во вторник (07.05.2024) во емисијата гостин ни беше Благица Павловска

Состојки за денешниот рецепт:

9 пиперки

4 црвени домати

1 врзопче младо лукче

3 чешниња лук

сол по вкус

маслиново масло

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната линија 0800 54321

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната  линија 0800 54321

Денеска како што информираа од Јавното обвинителство граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронска адреса .

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на омбудсманот.

Граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на [email protected]

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред.

притисни ентер