Меси може да замине од Барслеона и без заштитна клаузула

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси потпиша во крајот на ноември нов договор со Барселона во кој отштетната клаузула во случај на негово заминување од каталонскиот клуб е 700 милиони евра.


Но, во договорот постои одредба според која Аргентинецот може да го напушти клубот без надомест доколку Каталонија се отцепи од Шпанија.

Во случај Барселона да не игра повеќе во шпанската лига, Меси може да си замине во француска, германска, англиска лига или некој клуб од шпанска лига, открива весникот Ел Мундо дел од неговиот договор.

Барселона ќе му исплаќа на Меси по 27 милиони евра по сезона, а само за потписот добил бонус од 90 милиони. Меси е во Барселона од 2000 година.

Фото: Се одржа најголемата модна вечер во Њујорк

Мет Гала Менхетен - Одржана најголемата модна вечер.

Оваа Мет Гала е за „Заспаните убавици: повторно разбудување на модата“ (Заспаните убавици - повторно будење на модата).

Првиот понеделник од мај секогаш е посветен на Мет Гала, формално позната како Гала на Институтот за костими или Бенефит на Институтот за костими, годишен гала настан на познати личности за собирање средства за Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметност во Менхетен.

Овој настан се смета за најпрестижниот и најгламурозен моден настан и друштвен собир во светот и е познат како „најголемата ноќ на модата“. Секоја година темата е различна, а оваа Мет Гала е за „Заспаните убавици: повторно будење мода“.

Домаќини на Мет Гала 2024 беа Зендаја, Џенифер Лопез, Бад Бани и Крис Хемсворт.

На црвениот тепих прошетаа и светската музичка ѕвезда Шакира, најубавата плус сајз манекенка Ешли Грејем, Аријана Гранде....

Њујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници

Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот.

Палестинското исламистичко движење Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои беа меѓу 33-те за кои рече дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот, јави денеска Њујорк тајмс.

Во извештајот, во кој се цитирани две лица блиски до преговорите за постигнување договор, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека повеќе не се живи сите оние што требаше да бидат ослободени.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласи со помалку од 40-те луѓе што првично ги бараше, со тоа што се подразбираше дека сите што требаше да бидат ослободени се живи.

Хамас синоќа соопшти дека го прифатил договорот предложен од посредниците.

Израел, пак, оцени дека договорот е многу поинаков од она на што се согласила земјата.

Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободи 33 израелски заложници во замена за голем број палестински безбедносни затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во терористичките напади на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но се знае дека не се живи сите.

За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени 105 цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 беа пронајдени, вклучително и тројца убиени по грешка од војниците.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа.

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер