Меркел за бегалскиот бран во 2015.: Знаев дека не можеме да примаме 10.000 луѓе дневно

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел се сеќава на 2015 година, кога нејзината земја доживеа огромен прилив на бегалци, како многу предизвикувачки и „шокантен“ период.

„Знаев, како и сите други, дека Германија не може да прима по 10.000 луѓе секој ден, но дека мора да се најдат одржливи решенија и за луѓето кои бараат засолниште и за нашата земја“, изјави Меркел за неделното издание на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Во 2015 година, кога Европа доживеа огромен прилив на бегалци од Блискиот Исток, Меркел првично одлучи да ги задржи границите на Германија отворени, велејќи „Можеме да го направиме тоа“.

Таа рано почна да размислува за договор со Турција за прифаќање сириски бегалци. „Но, ми требаше малку време“, рече Меркел.

Во Германија, тогашниот прв либерален став заслужи почит, како и остри критики.

Канцеларката сега рече дека отсекогаш била свесна дека е политички одговорна за се` што се случило, „и за убавите времиња, кога бегалците беа пречекани со раширени раце, и за лошите моменти“.

Меркел нагласи и дека Германија не може сама да го реши миграциското прашање, туку само „како дел од Европа и во конкретниот случај во соработка со Турција“.

Таа го пофали договорот за бегалците постигнат меѓу Анкара и ЕУ во 2016 година, велејќи дека двете страни имаат корист од него и дека денес е разумен.

„Тој во голема мера придонесе да се воведе ред во миграцијата и да и` помогне на Турција да се грижи за милиони сириски бегалци. И со години го спречува криминалниот бизнис на шверцери со луѓе“, рече Меркел за договорот.

Една од одредбите на договорот меѓу ЕУ и Турција беше Анкара да ја спречи илегалната миграција во Европската унија, а Грција да ги враќа во Турција мигрантите кои илегално пристигнале на некои од островите во Егејското Море.

Брисел, пак, вети дека ќе земе по еден сириски бегалец од Турција за секој вратен Сириец и вети дека ќе и помогне на Турција финансиски да се грижи за бегалците на своја територија.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер