Меркел до авто гигантите – Не штедете, средите ги дизел моторите

Канцеларката Ангела Меркел ги повика домашните авто производители да престанат да штедат кога станува збор за поправање на дизел автомобилите.

Германската канцеларка доцна синоќа изјави дека нејзината влада сака производителите на автомобили да ја платат хардверската надградба кај возилата погодени од ,,дизел скандалот”.

Во предизборното обраќање на митинг во сојузната држава Хесен, Меркел рече дека ,,не е прифатливо авто индустријата да плаѓа големи пари во САД , а туку да прави проблем за неколку стотини евра.”

Нејзината изјава се поклопува со активностите на судот во Мајнц , кој разгледува дали е дозволива забраната за постари возила на дизел погон за да се спречи загадувањето на воздухот.

Германските судови веќе одобрија забрана за користењер дизел возила во Хаммбург, Берлин, Штутгарт и во Франкфурт.

Луѓето со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување

Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија.

Според истражувањето што опфатило 122.598 работници во 26 европски земји, колку еден човек има поголем вишок килограми, толку е поголема честотата на боледувања. Најчести наведени причини се болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.

Британските работници се трети најобезни во Европа, а бројот боледувања е двојно зголемен во Обединетото Кралство последниве 10 години. Тоа, според проценките, значи намалување на продуктивноста во британската економија за околу 33 милијарди фунти.

РФМ со благодарност до навивачите

Ракометната федерација на Македонија изрази јавна благодарност да навивачите за поддршката на синоќешниот натпревар со Фарските Острови.

Македонија победи со 34:26 во реваншот од баражот за пласман на Мундијалот 2025.

- Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката репрезентација во победата над Фарски Острови. Во рамките на своите програмски определби РФМ како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Честитки до сите македонски селекции кои обезбедија учество на континентално или мундијалско првенство, стои во соопштението на РФМ.

Покрај машката сениорска репрезентација, пласман на Светско првенство обезбеди и женската јуниорска репрезентација.

На следните Европски првенства ќе играат женската сениорска, машката младинска (У-20) и машката кадетска (У-18) репрезентација.

Кристерсон: Шведска во време на војна ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон денеска изјави дека ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје на шведска територија во време на војна.

Шведскиот Парламент во јуни ќе гласа за Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) со САД, кој ќе му овозможи на Вашингтон до воените бази во Шведска и ќе дозволи складирање на воена опрема и оружје во оваа скандинавска земја.

- Во воена ситуација тоа е сосема поинаква работа, (тоа) целосно ќе зависи од она што ќе се случи. Во апсолутно најлошото сценарио, демократските земји во нашиот дел од светот на крајот мора да можат да се бранат од земји кои би можеле да ни се закануваат со нуклеарно оружје, изјави Кристерсон за Шведското радио.

Тој додаде дека одлуката за распоредување на нуклеарно оружје ќе биде донесена од Шведска, а не од САД.

- Шведска одлучува за шведска територија, наведе Кристерсон.

Критичарите на нуклеарното оружје, меѓу кои и шведското Здружение за мир и арбитража бараат од Владата во договорот за одбранбена соработка со САД да биде ставено дека Шведска нема да дозволи нуклеарно оружје на нејзина територија.

притисни ентер