Мерцедес го укинува еден од најубавите модели (ФОТО)

Кога се појави на саемот за автомобили во Женева во 2004 година, беше вистинска револуција на пазарот на спортски седани.

Погодувате, зборуваме за моделот CLS, кој во меѓувреме доби три изданија, а потоа беше шаблон за помалиот CLA.

Идејата за купе со четири врати беше ископирана од конкуренцијата, така што се создадени моделите на Audi (A5 Sportback, A7), верзиите Gran Coupe на BMW, VW Passat CC и други. Тоа беше големо достигнување бидејќи во тоа време теренците и некои кросовери веќе тргнаа да го освојуваат светот.

Веста за откажувањето ја објави Car Expert, а потоа работата ја потврдија и од The ​​Drive, на што потврдија од Mercedes:

„Земајќи го предвид глобалниот потенцијал за раст и како дел од нашето стратешко планирање на портфолиото на производи, решивме да го завршиме животниот циклус на CLS на 31 август 2023 година, со преминот на E-Class во серијата модели 214. "

Откажувањето на CLS не треба да изненадува бидејќи истото требаше да се случи и порано, веќе на почетокот на оваа година. Сепак, на многумина ќе им недостига овој модел кој само малкумина би можеле да си го дозволат. Со револуционерен дизајн, CLS го донесе најдоброто од двата света, нудејќи ја практичноста на седан, додека ја задржува безвременската елеганција на купе.

Да го споменеме и AMG GT 4-Door, модел кој пристигна токму по идеја на CLS, а во понудата се појави дури во 2018 година. Погодувате, деновите на овој модел се избројани.

Како што беше претходно познато, E-Class Coupe и Cabrio ќе бидат пензионирани и заменети со моделот CLE. GLC и GLE Coupe ќе живеат уште една генерација, а моделите на караван од класата C-, E- и CLA наскоро може да бидат прекинати, објавија претходно Car & Driver.

СДСМ: Не смееме да дозволиме да се повтори 27 април

27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори.

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ.

Вооружени насилници на 27 април 2017 година, поттикнати од ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во парламентот, да го загрозат уставниот поредок, ја доведоа државата пред амбис, на раб на граѓанска војна.

Сеќавањата на крвавите лица на пратениците, нападнати со шипки и столици, влечењето за коса, дивеењето на насилниците, кои кршеа и уништуваа се пред себе во храмот на демократијата, се свежи и по седум години.

Насилниците поддршка имаа и од Христијан Мицкоски, кој тој ден беше пред македонското собрание.

Наместо извинување и осуда, Мицкоски стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.

Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Тоа е истата партија која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори.

Со глас за СДСМ и Коалицијата на 8 мај граѓаните гласаат за слобода, демократија и европски вредности.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

притисни ентер