Меланија Трамп е несреќна прва дама!

Меланија Трамп е несреќна во која насока и се одвива животот откако стана прва дама - тврдат нејзини пријатели за US Magazine. Еве зошто.

- Ваквиот живот не беше нејзиниот сон. Тоа е сонот на Доналд - вели Филип Блох, близок пријател на Меланија Трамп за US Magazine.

Меланија се пресели во САД во потрага по кариера во модниот свет. Таа е несреќна во која насока и се заврте животот, тажна е - велат семејни пријатели на првата дама.

Меланија живее во Њујорк додека нејзиниот син Барон да заврши со училиштето во кое не и е дозволено да го вози самата. Дури ни Барон не успева да ја извлече од дома од каде таа не сака по никоја цена да излезе - пишуваат медиумите. Џими Кимел на 8 февруари рече дека таа е „заробена како Рапунзел во палатата на Трамп“.

Првите денови како прва дама поминуваат со непријатности за Меланија - веќе на 9 февруари Вог се соочи со закани за бојкот откако Ана Винтур најави дека очекува првата дама да се појави на насловната на магазинот. А во тек е и нејзиниот спор со Дејли мејл кој го поведе за вести во врска со нејзиното минато, и создаде доста критичари кои велат дека таа од новата позиција сака да заработи преку тужење на медиуми!

Сите забележуваат дека Меланија сеуште не организирала ни еден прием како прва дама, додека нејзината претходничка Мишел Обама во првите неколку недели по инаугурацијата на нејзиниот сопруг, приреди два!





Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

Најстудено утрово во Лазарополе

 Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.

Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

притисни ентер