Роми ја откри веста објавувајќи фотографии и видеа од венчавката која се одржала на 12 август во Калифорнија.
„Во 2024 година се омажив за мојот најдобар пријател, со кого сум 23 години. Деталите за нашата приказна се премногу лични и комплицирани за да ги споделам сега, но сите ги пишувам во мојата книга. Денот на нашата венчавка беше интимен, само ние и нашите родители додека си разменивме завети, планираме поголема прослава подоцна“, напиша таа.
Потоа открила дека ден по венчавката се степале и по пет месеци плачење, помирување и размислување решиле да си ги решат проблемите.
„Се чувствувам подготвена да се вратам кај мојот сопруг и нашиот дом во Лос Анџелес. Сè што се случи во последните неколку месеци беше дел од поголем план. Секогаш ќе ја чувам 2024 година длабоко во моето срце. Животот е премногу краток. Живејте го “, напиша таа.
Се сети на нејзиниот покоен татко. "Верувам дека нѐ гледа од небото и ни се смешка. Џејми ме запроси на гробот на татко ми", додала таа.
Анџелина Џоли не беше присутна на свадбата на нејзиниот брат.
Иако порано привлекуваа големо внимание, особено поради нивниот бакнеж на Оскарите во 2000 година, Џејмс и Анџелина веќе не се толку блиски.
"Анџелина и Џејмс целосно се оддалечија. Тие беа неразделни и најдобри пријатели. Тој ѝ помагаше да ги воспитува децата и секогаш посветуваше многу време на семејството. Одеднаш, без посебна причина, престанаа да зборуваат и се оддалечија. Само тие знаат што навистина се случи“, изјави претходно извор близок до Анџелина.
Анџелина го донесе својот брат на Оскарите. Најголем шок доживеа на забавата на Vanity Fair која се одржа по доделувањето, каде Анџелина страсно го бакнуваше својот брат во уста, што камерите го уловија и го снимија за сите времиња. Но, тоа не беше прв пат да бидат снимени како разменуваат нежности на јавен настан, бидејќи слично се забавуваа на доделувањето на наградите Златен глобус претходно истата година.
"Тоа не беше француски бакнеж. Тоа беше нешто едноставно и убаво. Енџи требаше да замине во Мексико за да го заврши снимањето на Оригиналниот грев со Антонио Бандерас. Ѝ честитав на нејзиниот Оскар и ѝ дадов брз бакнеж во уста и од тоа стана голема работа“, изјави Џејмс за Daily Mail во 2007 година.