Меѓународен коњички турнир викендов во Скопје

Меѓународен октомврски коњички турнир, Мини лига и Куп на Република Македонија ќе се одржи викендов на скокалиштето на хиподромот во Маџари, во организација на Федерација за коњички спорт на Република Македонија.

Дводневниот „Меѓународен октомврски коњички турнир“ е според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија, а во заедничка организација на клубовите за коњички спорт „Илинден“ и „Процес“.

На турнирот, како што е најавено, ќе учествуваат екипи од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија. На програмата се вкупно шест натпревари во прескокнување на пречки со височина на пречките од 0,95 метри до 1,25 метри. /МИА

Тврди дека доплатил 25 евра за соба со поглед, се шокирал кога видел што добил (ВИДЕО)

Еден корисник на TikTok објави видео кое „собра“ повеќе од два милиони прегледи за краток временски период.

Тврди дека платил дополнителни 25 евра за соба со поглед, при патување во странство и дека сместувањето го шокирало.

На почетокот го гледаме како влегува во просторијата, користејќи ја картичката, а потоа ги покажува собата и балконот.

И навистина, сцената во најмала рака е изненадувачка. Наместо во прекрасна панорама, тој морал да ужива во поглед на соседните соби и - на рецепцијата.

Видеото предизвика бурни реакции и многу смешни коментари. Поединци тврдат дека дури и идентификувале за кој хотел се работи.

@podcast_clips_222 Rough one that #fyp #foryou #memes #british #funny ♬ original sound - podcast_clips_222

Еден корисник напишал: „Ако имате некаков проблем, не мора да се спуштате на рецепција“.

Друг додаде: „Ако ви треба услуга во соба, нема потреба од телефон“.

Третиот останал во шок: „Кажи ми дека си ги вратил 25-те евра?“.

Четвртиот се обиде да објасни: „Балкон со поглед и поглед на море... Тоа се различни работи“.

Учителка во второ одделение во САД чувала дрога во училницата, уапсена е заедно со сопругот

Учителка на второ одделение и нејзиниот сопруг се уапсени во Вирџинија под сомнение дека на училиште биле под дејство на дрога.

По нејзиното апсење, властите во нејзината училница пронашле залихи од илегална супстанција.

Кендис Ли Картер (35) била забележана од училишен полицаец во четвртокот во основното училиште во чудна состојба, поради што се посомневале дека е под дејство на дрога, пренесува Индепендент.

По понатамошната истрага, во училницата во второ одделение била пронајдена наркотици, а таа е уапсена.

Нејзиниот сопруг Кристофер Доналд Картер (34) бил пронајден во автомобил на училишна територија и исто така е осомничен дека бил под дејство на наркотици и дека му требала медицинска помош, соопшти полицијата.

Властите во автомобилот пронашле и двегодишно дете, а Картер е уапсен.

Двајцата се однесени во затвор.

Полицијата соопшти дека нема повредени ученици од основното училиште; но, превентивно им е извршен медицински преглед и училницата е стручно исчистена.

Израелците го убиле командантот на Хезболах во јужен Либан

Израелската војска денеска потврди дека нејзините сили убиле висок воен командант на либанската група Хезболах во воздушен напад во јужен Либан.

Во соопштението, израелската војска го идентификуваше командантот на Хезболах како Касем Саклави, кој бил погоден со израелско беспилотно летало во областа Тир.

Се додава дека Саклави е „одговорен за планирање и извршување на ракетни и противтенковски напади“ во северен Израел.

Во меѓувреме, израелската војска, исто така, соопшти дека нејзините воени авиони гаѓале локација за лансирање ракети на Хезболах во областа Рамија во јужен Либан.

Хезболах вчера тагуваше за шестмина свои членови убиени во судирите со израелската армија, со што бројот на загинати од 8 октомври минатата година се искачи на 308.

Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив ја продолжува смртоносната офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 35.500 луѓе од нападот на Хамас во октомври минатата година.

притисни ентер