Потребни состојки: 3 компири, 200 гр. семе од киноа, 1 поголема тиквичка, 1 поголем модар патлиџан, 2 благи пиперки, 2 моркова, 2 чаши доматно пире, малку штавел, босилек, лук во прав, бибер, зачин од сув зеленчук, сол, кари, мајчина душичка, буковец и каранфилче по вкус.
Постапка:
Компирот се сече на кругови, се реди во тепсија и се зачинува со малку: босилек, лук во прав, бибер, зачин од сув зеленчук и сол по вкус.
Потоа се додаваат: неколку лажици доматно пире, сечени пиперки, сечкани моркови и повторно неколку лажици доматно пире.
Одозгора се реди варено киноа семе и се додава малку штавел.
Се прелива со неколку лажици доматно пире и се редат кругови од модар патлиџан.
Се зачинува со малку : босилек, лук во прав, бибер, зачин од сув зеленчук и сол по вкус и се редат кругови од тиквички.
Се зачинува со малку: кари, бибер, мајчина душичка, буковец и каранфилче по вкус.
Се додава малку вода и се завиткува со алуминиумска фолија.
Се пече во загреана рерна 30 минути на 200 степени.