Мечка нападна странски турист во Италија

Странски турист утрово бил нападнат од мечка во општина Дро, во областа Трентино во северна Италија. 

Повредениот е пренесен в болница со повреди на екстремитетите.

Надлежните истражуваат за да утврдат што точно се случило. Италијанските медиуми јавуваат дека во околината неодамна била забележана мечка - женка, со младенчиња.

Од 2014 година во Трентино се забележани неколку напади на мечки врз луѓе.

Дневен хороскоп за 24. август 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 24. август 2024 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

На оригинален начин вие ќе ги надминете проблемите во својот љубовен живот и ќе ја отворите вратата за негово подобрување.

Кариера

Идеите од шаховски карактер , како и креативноста ќе ви носат убави поени на работното место.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате подобро од вчера.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Работите доѓаат во рамнотежа и во вообичаен ток. Успеавте да се договорите и сега продолжувате понатаму.

Кариера

Веројатно ќе дојде до многу интересно решение со кое вашите деловни задачи ќе тргнат во вистинска насока.

Здравје и совет

Радувајте се зашто одите кон подобро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата љубовна врска добро напредува. Нема особени сензации ,с е е мирно и пријатно , а вие двајцата уживате.

Кариера

Можен е прилив на пари на вашата сметка. Станува збор за нешто што било одлагано или доцнело поради бирократски причини.

Здравје и совет

Бидете весели.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот е стабилен и квалитетен , а денеска е обогатен со свежи идеи и интересно излегување.

Кариера

Ќе покажете импресивни резултати во работата , а за тоа е најзаслужна вашата интуиција.Послушајте ја.

Здравје и совет

Самите ќе дознаете што треба да менувате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Мали семејни проблеми ќе ви одземат од времето , па на саканата личност ќе и посветите помалку внимание од вообичаено.

Кариера

вашата деловна стратегија добро ќе се развива , а денеска се јавуваат и вложувачите кои ги чекавте. Задоволни сте.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе им покажете на сите како на инвентивен начин се постигнуваат успешни договори. Многумина ќе бидат изненадени и среќни.

Кариера

Во работата со странки , односно со луѓе , ќе бидете особено успешни. Многуумина ќе ве истакнуваат како пример.

Здравје и совет

Вежбајте јога .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Содржината на она што ќе и зборувате на саканата личност ќе биде таков што ќе треба да го запошете и чувате. Ќе во биде преубаво.

Кариера

Вашата интуиција денеска ќе биде непогрешлива и ќе доведе до решавање на еден нерешлив деловен проблем.

Здравје и совет

Светот е ваш.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

За чудо , денеска добро ќе ве разбираат иако и самите не верувате дека тоа е можно. Ќе дојде до подобрување во врската.

Кариера

Оние кои лажеле ќе бидат откриени на неочекуван начин. Така че се засрамат . Не им се потсмевајте.

Здравје и совет

Ќе почувствувате олеснување.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Без оглед на целата збрка во комуникацијата , ќе најдете начин за да ги изразите своите чувства и тоа ќе биде добро.

Кариера

Се зајакнуваат деловните контакти што ве радува . Во тоа сте вистински мајстор , но и натаму прво осмислете , па потоа кажете.

Здравје и совет

Подобрување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви донесе убавина во љубовта.Оние кои се уште се сами ќе освојуваат со леснотија.

Кариера

Работите во кои вие имате влијание , ќе се развиваат одлично. Дури и да бидат скромни , бидете свесни за сопствените заслуги.

Здравје и совет

Проширете ги хоризонтите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Сепак има добар ветар во грб во љубовта , па на вас останува да ги осмислите пријатните моменти со саканата личност.

Кариера

Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора , така што ќе добиете одговор и решение на таа тема. Тоа ќе го употребите за да си го зголемите успехот.

Здравје и совет

Знаете кој е вистински , а кој не.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе најдете компромис за лично прашање , кој ќе биде оригинален. Толку повеќе ќе почуствубате олеснување.

Кариера

Кога станува збор за деловните контакти и договори , ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин.

Здравје и совет

Бидете упорни.

Емили Ратајковски се движеше по улица, момче и дофрли: „Девојко, облечи маичка“ (Видео)

Емили Ратајковски објави видео на „TikTok“ во кое покажа што непознато момче дофрлило кон неа додека се шетала по улиците на Њујорк.

33-годишната манекенка и актерка е снимена како се шета по улиците во црни панталони и краток топ со длабоко деколте, а случајно снимила коментар на случаен минувач.

„Девојко, облечи маичка“, дофрла момчето, а манекенката продолжи да оди како ништо да не се случило.

@emrata

famously not demure, famously not mindful.

♬ 365 - Charli xcx

„Познатна сум по тоа што не сум скромна или внимателна“, напиша манекенката покрај видеото, осврнувајќи се на новиот тренд на „TikTok“ кој промовира скромност, пристојност и срамежливост, а обожавателите излегоа во нејзина одбрана.

„Ти не се ни мрдна, те обожавам“, „Молчењето е најдобар одговор“, „Ништо не и пречи на кралицата“ и „Ама носиш маичка“ се дел од коментарите под видеото кое собра 1,8 милион прегледи.

Извор: Индекс.хр

Фото: „Renault“ ги исмејува Американците со реклама среде Њујорк

„Renault“ го напушти американскиот пазар пред повеќе од 30 години, завршувајќи ги официјалните операции во САД во 1987 година, а тие не се вратија, иако тоа ќе го сторат малку подоцна оваа деценија со брендот „Alpine“.

Меѓутоа, ако денес шетате низ населбата Вилијамсбург во Њујорк, можеби ќе видите огромна реклама за „Renault 5 E-Tech“, електричен градски автомобил. Сепак, тоа не значи дека е наменета за Американците.

Според француското издание на весникот „L'Auto-Journal“,„ Renault“ има маркетиншка кампања за „петка“, чија цел се европските туристи во Америка.

Оваа кампања силно го промовира преродениот модел, кој беше претставен претходно оваа година, со рекламата: „ Le Car се врати“. Патем, „Le Car“ е името што „Renault“ го користеше за „5“ во САД од 1976 до 1983 година.

Под натписот стои ѕвездичка, на која пишува: „Но не за тебе, извини“. Кога ќе се скенира QR-кодот на дното на рекламата, ве носи на веб-локација на англиски јазик каде што може да се нарача новиот „Renault 5“ Како што може да претпоставите, САД не се на списокот.

Извор: Б92

притисни ентер