Мбапе и официјално е новата деветка на Реал Мадрид

 Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за прв пат беше фотографиран со дрес на својот нов клуб.

На фотографијата 25-годишниот Французин позира со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез. Тој држи персонализиран дрес на Реал Мадрид со број 9, кој ќе го носи во тимот.

Во текот на денот 25-годишниот Французин беше на лекарски преглед во Реал Мадрид. Подоцна ќе биде претставен како играч на Реал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид на 3 јуни го објави трансферот на Килијан Мбапе. Французинот потпиша договор со клубот до летото 2029 година. Претходно фудбалерот настапуваше за ПСЖ и Монако.

Автомобил излета во Вардар во центарот на Скопје, возачот повреден

Во СВР Скопје изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар.

Како што соопшти МВР, В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош.

Трамп вети дека ќе објави документи за атентатот врз Кенеди

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека, доколку биде избран, ќе формира независна претседателска комисија за обиди за атентат.

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека, доколку биде избран, ќе формира независна претседателска комисија за обиди за атентат, од која ќе побара да ги објави сите преостанати документи поврзани со атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Трамп ова го изјави на предизборен митинг во Аризона, каде вчера се појави заедно со Роберт Кенеди Јуниор.

„Комисијата ќе спроведе и ригорозна анализа на нападите од минатиот месец“, рече Трамп, мислејќи на нападот врз него на митинг во Пенсилванија.

Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, поведена истрага

Три бебиња од територијата на српската општина Младеновац починале во рок од 24 часа, а од МВР на Србија утринава најавија истрага.

Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Белград.

Според првите информации, на телата на бебињата нема траги на насилство, а истрагата е во тек, јави Бета.

притисни ентер