Мажот и испратил меил дека не се враќа дома: Сега поради него изгледам подобро од било кога (фото)

Џенифер Веларди (33) од Торонто наоѓала утеха во храната откако нејзината мајка извршила самоубиство.

Во најлошиот период имала 108 килограми, а бракот и се распаднал.

На целата мака, нејзиниот маж решил да ја остави.

После заедничкиот одмор и испратил меил. Во него напишал дека не се враќа дома.

„Тоа ми беше како шлаканица која ми беше потребна. Ме размрда и се разбудив од емотивната кома во која паднав“ – изјави Џенифер.



Ја променила исхраната, почнала да вежба, напорно работела, а сето тоа и се исплатело, бидејќи сега има 61 килограм.

Како што изјавува, тој период на емотивна кома и за неа и за мажот бил тежок.

„Само спиев и ни на крај памет не ми доаѓаше да вежбам. Килограмите се трупаа но мене не ми беше грижа. Бев депресивна, а односот меѓу мене и мојот маж беше се полош. Кога ќе се обидев да се хранам здраво, ќе ми речеше да престанам да купувам храна за зајаци. Кога ќе го прашав за прошетка, ќе се насмевнеше и ќе ми речеше да одам сама. Никогаш не ме навредуваше отворено, но ми покажа дека не е заинтересиран за мене“ – изјави таа.

Така нивниот брак пропаѓал се до моментот кога тој отишол во Доминиканската република во посета на фамилијата. На денот кога требал да се врати и испратил меил да не го очекува никогаш повеќе. Тогаш се решила да го промени својот живот. Се насочила кон здравата исхрана и вежбањето и наскоро килограмите почнале да се топат.


Принцот Вилијам е снимен на натпревар, фановите му се налутија (ФОТО)

Принцот Вилијам е снимен како ентузијастички навива за Астон Вила на првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа на УЕФА.

Натпреварот се одигра истиот ден кога принцезата Шарлот го прослави својот 9-ти роденден, а многумина го критикуваа Вилијам што не ја одвел неговата ќерка на натпреварот, која е голем љубител на спортот.

Имено, во април Вилијам беше снимен на натпревар, во првото појавување во јавноста откако се дозна дека Кејт има рак. Потоа на натпревар го однел синот Џорџ и биле снимени како навиваат заедно, а фановите збеснале што сега не ја одвел Шарлот, особено поради тешките моменти низ кои минува кралското семејство.

Инаку, на роденденот на принцезата традиционално е објавена нејзина фотографија направена од Кејт, а еден бизарен детал им падна во очи на многумина.

Испечатени се гласачките ливчиња за двојните избори на 8 мај

Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК...

Драма на лет за Франкфурт- 70 патници наеднаш почнале да повраќаат, ги чекала Итна помош

На аеродромот во Франкфурт имало голема спасувачка операција поради летот на Кондор DE2315 од Маурициус до Франкфурт.

За време на летот, 70 од 290 патници ненадејно пријавиле симптоми како гадење и повраќање, пренесува магазинот Феникс.

По слетувањето во Франкфурт во четвртокот околу 17:30 часот, авионот го пречекале голем број возила за итна помош. Дури и била побарана помош од градот и локалната област.

Портпаролката на Кондор го потврди инцидентот и рече дека екипажот не бил погоден.

„Екипажот е едуциран и обучен за вакви посебни ситуации. По внимателно испитување на целата ситуација, летот продолжи, а авионот безбедно слета во Франкфурт, каде медицинските експерти беа достапни да се грижат за погодените патници“.

Но, зошто 70 луѓе се разболеле одеднаш? Дали се работело за храна?

„Кондор веќе започна истрага за случајот со цел да се открие причината и да се извлечат можни мерки од тоа“, продолжи портпаролката.

„Кондор тесно соработува со сите одговорни партнери и власти. Во моментов нема достапни резултати. Не сакаме да шпекулираме за причината, на пример поединечните менија што беа понудени во авионот, а кои беа подготвени во Маурициус“.

притисни ентер