Маск: X ќе ја отстрани опцијата за блокирање други профили

Социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, ќе ја отстрани опцијата што им овозможува на корисниците да блокираат други сметки, изјави вчера сопственикот Илон Маск во уште еден контроверзен потег на компанијата што ја купи минатата година.

Функцијата за блокирање на X му овозможува на корисникот да блокира одредени сметки да ги контактира, да ги гледа нивните објави или да ги следи. „Блокирањето ќе биде отстрането, освен за ДП“, рече Маск во објава на интернет, мислејќи на директните пораки.

Тој рече дека X ќе ја задржи функцијата за исклучување звук што го спречува корисникот да гледа одредени сметки, но, за разлика од блокирањето, не ја предупредува другата сметка за дејството.

Технолошкиот милијардер се опиша себеси како поборник за слобода на говорот, но некои критичари велат дека неговиот пристап е неодговорен. Истражувачите открија пораст на говорот на омраза и антисемитските содржини на платформата од нејзиното преземање, а некои влади ја обвинија компанијата дека не прави доволно за да ја ограничи содржината.

Отстранувањето на опцијата за блокирање може да го стави X во конфликт со упатствата на Apple Store и Alphabet на Google Play.

Одговарајќи на објавата на активистката Моника Левински која повикува X да ја задржи „клучната алатка за одржување на безбедноста на луѓето на интернет“, извршната директорка Линда Јакарино излезе во одбрана на Маск.

„Безбедноста на корисниците на X е наш приоритет. Развиваме нешто подобро од блокирање и исклучување на звукот. Повратните информации се добредојдени“, објави Јакарино.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер