Марија Митева и Славјанка Петровска во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марија Митева и Славјанка Петровска.

Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати за членови на Европската комисија

Во заеднички договор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати кои ги предлага за именување за членови на ЕК со мандат до 31 октомври 2029 година. 

Како што соопшти доцна синоќа Советот на ЕУ, вака утврдената листа ќе биде проследена до Европскиот парламент на понатамошна процедура на одобрување на кандидатите и ќе биде објавена во Службениот весник на Европската Унија.

Листата на кандидати кои Советот ги предлага за членови на Европскаата комисија е следнава:

Магнус Брунер (Австрија), Марија Луиш Касанова Моргадо Диаш де Албукерке (Португалија), Валдис Домбровскис (Летонија), Рафаеле Фито (Италија), Кристоф Хансен (Луксембург), Вопке Бастијан Хукстра (Холандија), Дан Јоргенсен (Данска), Константинос Кадис (Кипар), Марта Кос (Словенија), Андриус Кубилиус (Литванија), Хаџа Лабиб (Белгија), Мајкл Мекграт (Ирска), Глен Микалеф (Малта), Роксана Манзату (Романија), Тереза Рибера Родригез (Шпанија), Јесика Росвол (Шведска), Марош Шефчович (Словачка), Стефан Сежурне (Франција), Пјотр Аркадиуш Серафин (Полска), Јозеф Сикела (Чешка), Екатерина Спасова Гечева-Захариева (Бугарија), Дубравка Шуица (Хрватска), Апостолос Ѕиѕикостас (Грција), Оливер Вархеји (Унгарија), Хена Марија Виркунен (Финска) и дополнително Каја Калас (Естонија), назначена за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност на 24 јули 2024 година од страна на Европскиот совет, со согласност на новоизбраната претседателка на Комисијата.

Согласно член 17 став 7 од Договорот за Европската Унија, Советот на ЕУ по заеднички договор со новоизбраниот претседател на Комисијата, ја утврдува листата на кандидати кои ги предлага за именување за членови на ЕК.

Претседателот на Европската комисија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и другите членови на ЕК, како тело во целина, треба да добијат согласност за именување од страна на Европскиот парламент. Врз основа на оваа согласност од ЕП, Европскиот совет ја именува Комисијата. Именувањето на ЕК треба да биде одобрено со квалификувано мнозинство во Советот.

Министерот Николоски на бројни средби со министрите за транспорт од ЕУ

Министерот Николоски на бројни средби со министрите за транспорт од ЕУ, ќе го претстави планот за изградба на брза пруга на Коридор 10.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски учествува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.

Министерот Николоски вчеравечер оствари работна вечера со министрите за транспорт на Белгија, Малта, Грција, Германија и Кипар.

На средбата мнистрите разговара за развој на транспортниот сектор во регионот. Министерот Николоски ги претстави приоритетите на Македонија, со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспорот и трговијата меѓу земјите од Западен Балкан. Нагласена беше важноста и од изградба на Коридор 8.

Во рамки на денешниот министерски собир, министерот Николоски ќе оствари работни средби и со министрот за транспорт на Италија, потоа со министерот на Унгарија и Австрија, како и со претставници на ЕУ каде ќе ги претстави проритетите на Македонија.

Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.

На собирот на министри и денеска ќе се разговара за предизвиците на транспортниот сектор на ЕУ, подобрувањето на конкурентноста и поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји меѓу кои и земјите од Западен Блакан. Посебен фокус ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа.

Карлсен прогласен за најдобар велемајстор на векот

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го прогласи норвешкиот шахист Магнус Карлсен за најдобар велемајстор на векот.

Триесет и тригодишниот Норвежанец е лидер на ранг-листата на Меѓународната шаховска федерација. Во 2013 година стана светски шампион во класичен шах и четири пати ја одбрани оваа титула.

За најдобра шахистка на векот е прогласена Јудит Полгар од Унгарија. Од 1989 до 2015 година таа беше на врвот на женската ранг-листа на ФИДЕ. Унгарката се повлече од активно играњето во 2014 година.

Специјалните награди Карлсен и Полгар им беа доделени синоќа во Будимпешта на гала-вечер по повод стогодишнината на ФИДЕ.

притисни ентер