Неговата возраст не е откриена, но се знае дека е фатен од надзорната камера како дреме на своето биро околу еден час. Две недели подоцна добил отказ, јавува СКМП.
Одделот за човечки ресурси на хемиската компанија објави дека Џанг е „снимен како спие на работа поради исцрпеност“, а документот го потпишал отпуштениот вработен.
„Во компанијата влеговте во 2004 година и потпишавте договор за вработување на неопределено време. Сепак, вашето однесување претставува сериозно кршење на дисциплинската политика. Според тоа, со согласност на синдикатот, компанијата одлучи да ви го прекине работниот однос“, се наведува во известувањето.
Меѓутоа, работникот сметал дека е неправедно отпуштен, па поднел тужба. Тврдел дека заспал од исцрпеност, бидејќи „службеното патување се одолговлекувало доцна во ноќта“.
На негова страна застанал и Народниот суд кој раскинувањето на договорот го оценил како „претерано и неразумно“.
„Иако работодавачите имаат право да ги раскинат договорите поради прекршување на прописите, таквите раскинувања мора да бидат во согласност со конкретни услови, вклучително и нанесување значителна загуба. „Спиењето на работното место беше првиот прекршок и не доведе до сериозна штета на компанијата“, објасни судијата Ју Ки.
Згора на тоа, со оглед на 20-годишниот стаж на Џанг во компанијата, кој се карактеризирал со извонредни перформанси, унапредувања и зголемувања на платите, било наредено да му бидат исплатени 350.000 јуани (околу 46.000 евра) како компензација.