МАНУ одбележа еден век од раѓањето на академик Димитар Митрев

Димитар Митрев бил член на МАНУ од нејзиниот прв работен состав во 1967 година.

Човек со неверојатен талент на публицист и врвен полемичар кој има огромен придонес во теоријата и историјата на литературата – рече претседателот на МАНУ Таки Фити за основоположникот на македонската книжевна критика, академик Димитар Митрев, за кого Академијата денеска организираше свечен собир по повод 100 години од неговото раѓање (1919-1976).

Димитар Митрев бил член на МАНУ од нејзиниот прв работен состав во 1967 година. Еден е од основачите и на Друштвото на писателите на Македонија, во неколку наврати негов претседател, декан на Филозофскиот факултет и ректор на Скопскиот универзитетет. Митрев е автор на 15-ина есеистички трудови, бил критичар, есеист, полемичар, антологичар, фељтонист.

-Добрите познавачи на неговото дело ќе речат дека тој бдееше над судбината на македонскиот народ, го објаснуваше неговото минато, ја обмислуваше сегашноста и размислуваше за иднината на македонскиот народ. Тој бдееше и над книгите и сите се согласни дека со својот критички, категоричен збор, со својата елоквенција, силно влијаеше врз развојниот процес на македонската литература. Поради сите негови заслуги, на комеморативната седница по повод смртта на академик Митрев, академик Блаже Конески ќе рече: „Митрев е веќе во историјата и во иднината", рече претседателот на МАНУ на денешниот собир.

За животниот пат на Митрев зборуваше академик Витомир Митевски, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука во МАНУ, кој рече дека на македонското дело Митрев бил посветен уште од најрана возраст – од родното Деде Агач во денешна Грција, за време на школувањето во Бугарија, каде што додека студирал право членувал во Македонскиот литературен кружок и заедно со Никола Вапцаров го редактирал весникот „Литературен критик". По доаѓањето во Македонија, високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по филозофија, по што следувале редица значајни професионални и општествени ангажмани.

Митевски истакна дека во творечкиот профил на Митрев доминира ликот на книжевен критичар, притоа посочувајќи на искажувањата за Митрев од двајца книжевни авторитети – Старделов и Конески.

Според Старделов, Митрев е книжевен критичар со конзистентен реалистичен став, кој ја брани доследно универзалноста на поетиката на реализмот и ги воспоставува базичните одредници на новиот креативен реализам, а со тоа и на книжевната критика заснована врз неговите начела.

-Од друга страна, пак, Блаже Конески ќе рече: „Во личноста на Димитар Митрев се манифестира длабок, благороден став и гест на еден од најизразитите романтичари на македонската национално-културна преобразба, додаде Митевски.

На собирот во МАНУ присуствуваше и ќерката на Митрев, Илинка Митрева, универзитетски професор и поранешен министер за надворешни работи. На свеченоста што точно на денот на раѓањето на Митрев минатиот месец ја организираше Друштвото на писателите на Македонија (14 октомври), Митрева во есеј за својот татко рече дека во неговата личност постои еднаквост помеѓу исклучителниот човек и исклучителниот деец.

– Постулирав три крупни императиви во теоријата на духот на теоретичарот и човекот Митрев – моралот на акцијата, пледоаје на националното, осуда на баналноста... Тој ги поставува високите стандарди на ексклузивниот спој на интуиција и ерудиција во поимањето на книжевното. Ослободено од баластот на тековната реторика и сведено на чисти суштини, делото на Митрев ќе претставува сѐ поголем предизвик за идните проучувачи..., рече Митрева во таа пригода.

За Димитар Митрев на денешниот собир во МАНУ зборуваа и академик Катица Ќулавкова, проф. д-р Веле Смилевски и д-р Ангелина Бановиќ-Марковска. /МИА

„Мојот сопруг е вистински фраер, сите ме прашуваат како го освоив“ (видео)

Нејзиниот одговор воодушеви многу жени...

Нејзината тајна е во огромната самодоверба со која може да освои кого било.

Хејзел Мекбрајд неодамна крена голема прашина на социјалните мрежи со објавата на видео на кое таа е со својот сопруг, кого многу дами го сметаат за привлечен. Меѓутоа, Хејзел видно ја истакнува својата самодоверба и се шегува на сметка на изгледот на својот сопруг. Иако нејзиниот став привлече големо внимание, многумина ја прашуваа колку е тешко една жена да се справи со вака привлечен сопруг.

Хејзел не крие дека нејзиниот партнер е исклучително згоден, додека многумина неа би ја опишале како девојка со просечен изглед. Меѓутоа, наместо да се чувствува несигурно покрај згодениот маж, таа истакнува дека се чувствува одлично во своја кожа и дека е многу задоволна од својот изглед.

Хејзел исто така истакнува дека „неговиот карактер“ е просечен, додека нејзиниот е „генијален“ и дека заедничката смисла за хумор е она што ги поврзува.

Нејзината искреност и став станаа пример за многумина кои крај себе имаат згоден партнер и се борат со самодовербата. Приказната на Хејзел докажува дека љубовта и самодовербата се клучни фактори за среќна и исполнета врска.

Оваа млада жена доби бројни коментари со поддршка и воодушевување по објавувањето на видеото. Хејзел ја следат над 57.000 лица на Тикток, таа стана многу популарна поради својата автентичност и искреност во своите објави на социјалните мрежи. Секогаш добива коментари на бројните видеа со сопругот.

- Во принцип, твојот сопруг изгледа одлично, но и ти не си воопшто просечна со тие зелени очи!

- Не е сè во убавината, луѓе!

- Харизматична, интелигентна и духовита жена вреди повеќе од 10 мисици!

- Вие сте прекрасен пар.

-Навистина е прав фраер, ако не е тајна, има ли браќа?

@hazelmcbrideauthor Trying to turn him into any and all fantasy men #acotar #rhysandacotar #sarahjmaas #acotarbooktok #booktok #sjm #fantasyman #hothusband ♬ Made You Look - Meghan Trainor

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

притисни ентер