Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз" од 30 септември до 5 октомври

Од 30 септември до 5 октомври Кочани ќе биде домаќин на дваесет и осмото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз" со што се одбележува почетокот на жетвата на главната земјоделска култура во регионот.

Во овогодишната програма се предвидени повеќе културно-музички содржини проследени со презентација на традиционалните жетвени обичаи и специјалитети од ориз.

– Манифестацијата ќе ја отвориме в понеделник со промоција на втората книга „Богатство запишано во времето" од Киро Герасимов, а во наредните денови од музичките содржини следуваат концертот на градскиот хор од Штип, детскиот фестивал „Музички бранови", концертот на основното музичко училиште „Ристо Јуруков" и настапот на групата „Салса и пунто" од Куба. В четврток ќе ги промовираме четирите книги „Запишано фолклорно богатство од Кратовско" од м-р Драган Георгиевски, а следниот ден ќе се одржи Балканска поетска средба и промоција на „Книга за оризот" од авторите Оливера и Зоран Поповиќ од Србија, истакна Аспарух Михаилов од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

Завршницата на манифестацијата се најавува за 5 октомври со традиционалното рачно зажнејување на оризот, по што ќе бидат доделени наградите и признанијата за најдобрите земјоделски производители, ќе се одржи фолколрен концерт, а ќе бидат презентирани и традиционалните јадења од Кочанско. Вечерта е предвидена за македонски и светски евергрин мелодии во изведба на Девана Нардели и Огнен Здравковски со „Долче дуо".

Организатор на „Деновите на кочанскиот ориз" е Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри", библиотеката „Искра" и фолклорните друштва од регионот.

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ

 Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки. 

Ако Европската централна банка почне да ја намалува каматната стапка тоа ќе има ефект и кај нас, меѓутоа можеби не со таа динамика како во земјите од Европската унија, бидејќи ние имаме повисока стапка на инфлација од нив, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на 29. Годишно собрание на АЦИ Македонија.

Едногласни се дека Народната банка ќе ја следи политиката на Европската централна банка, но состојбата се усложнува бидејќи не се знае што ќе се случува со американските федерални резерви, кои исто така имаат влијание на каматните стапки.

Според академик Таки Фики, Народната банка ја следи политиката што ја води Европската централна банка и оттука произлегува очекуваноста дека ако ЕЦБ ги намали каматите, ќе бидат намалени и каматните стапки во земјава.

- Знаете дека денарот е врзан со еврото, што значи на еден или друг начин го увезуваме кредибилитетот на Европската централна банка и политиката што ја води Европската централна банка ја следи нашата Народна банка. Податоците особено после 2013 година покажуваат дека има неверојатно совпаѓање, синхронизираност меѓу движењето на каматната стапка во Европската централна банка и кај нас, појаснува академик Фити.

Првиот човек на АЦИ Македонија Бојан Цветановски вели дека состојбата е неизвесна, но дека од она што се гледа последните денови, веќе се антиципира одредено намалување на каматните стапки и во САД, иако тоа најверојатно ќе биде од септември.

- Мислам дека нашата Народна банка ќе ја следи Европската централна банка, каде намалувањето од 25 основни поени се очекува во јуни, тоа е прв чекор, но претседателката Лагард кажа дека тоа не најавува ново темпо на намалување. Се ќе зависи од натамошните движења на инфлацијата и пред се на цените на пазарот на стоки, појјаснува Цветановски.

Економските очекувања во САД, според него, зависат и од тоа кој ќе го добие идниот претседателски мандат, а особено внимание треба да се посвети и на цената на нафтата.

- Нафтата е инпут за производство за другите суровини за производство и нејзината висока цена може да значи нови инфлаторни притисоци. Сега имаме смирување на цената која падна од 90 на 83 долари за барел, појаснува Цветановски.

Поради високата инфлација во земјата, Народната банка на неколкупати беше принудена да ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи.

Заседаваше претседателството на ДУИ во Мала Речица, нема конкретни одлуки

Одлуката на управниот суд, го вклучи алармот во ДУИ. Али Ахмети итно го свика претседателството на партијата попладнево во Мала Речица, за да кројат стратегија како понатаму.

Таму е Јана Јосифовска. Дали заврши состанокот и дали се познати следните чекори на ДУИ?

притисни ентер