Мане: Не ми требаат Ферари , дијаманти и авиони ако не можам да им помогнам на другите

Садио Мане е еден од најголемите ѕвезди на Ливерпул и играч кој стана идол на многу млади фудбалери во неговиот роден Сенегал.

Покрај тоа што е врвен фудбалер, Мане со години им помага на сиромашните и на немоќните, испраќајќи разни донации, појавувајќи се меѓу „обичните луѓе“ на разни собири и во ниеден момент не се менува иако може да има се што ќе посака.

Најновиот доказ за ова тврдење е сторијата направена од еден од репортерите на неговиот блог, Сиензал Менте, целосно импресиониран од разговорот со Мане. Тој напиша накратко што му кажал Сенегалецот кога разговарале.

„Го прашав како е можно по сè што добил воопшто да не се смени - сите овие милиони, целата таа популарност , а тој ми одговори:„ Што ќе ми се, пријателе, 10 Ферарија, 20 дијамантски часовници или два авиона? Зарем не е поважно ако правам нешто за својот народ? “.

„Гладував, работев на поле, ги преживеав војните, играв бос фудбал, немав образование и други лоши работи, но сега благодарение на фудбалот, можам да му помогнам на мојот народ“, заклучи Мане.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

притисни ентер